КАПУТ + ЧИЗМИ: Еве 10 начини како да го носите ова класично зимско дуо како никогаш досега (ФОТО)
Кога станува збор за зимската облека, нема ништо толку моќно како едноставна комбинација на капут и чизми. Иако звучи сосема обично, оваа комбинација може да ве однесе низ студените зимски месеци, а сепак да го почувствувате жешкиот моден пулс.
Без разлика дали се работи за вашите омилени чизми со дебел ѓон оваа сезона и кариран капут или некој посериозен крој, оваа лесна формула е вашиот најдобар пријател за секоја пригода на студено време.
Ако сте како нас, сигурно секоја зима сте се потпирале на ова дуо, додавајќи и одземајќи марами и плетива со променливи временски услови. Излегува дека инфлуенсерките и модни девојки не се разликуваат многу од нас. Не можеме а да не забележиме толку многу инспиративни комбинации на нашите профили на Инстаграм, а најмногу од сè тоа е комбинација на ова дуо.
Повеќето капути и чизми одат заедно и убавината на оваа комбинација е во тоа што - не можете да погрешите. Освежете ги вашите омилени комбинации играјќи си со дезени и пропорции, а оваа класична комбинација може да направи да изгледате и да се чувствувате супер практично за сите предизвици што ги носи денот.
Сепак, за да не потонете во монотонија, мора да истражите креативни и иновативни начини за комбинирање на овие две модни парчиња. Заборавете на она што веќе сте го виделе - владеат крокодилски шари, преголеми кроеви и бои!
1. Бел капут + црни чизми со длабоки потпетици
2. Капут со врвка + чизми со дебел ѓон
3. Лакиран капут / мантил + чизми со крокодилски дезен
4. Оверсајз волнено палто + планинарски чизми
5. Капут во камил боја + чизми до глуждот
6. Кариран капут + гломазни чизми
7. Vintage капут + чизми до колена
8. Палто со крокодилски дезен + бели плитки чизми
9. Палто со принт + црни чизми со потпетици
10. Капут со реси + плисирани чизми со потпетици
фото:инстаграм