Карлеуша на гласање како филмска ѕвезда: Во бело од глава до пети - За вечната класика потрошила 12.000 евра
Јелена Карлеуша не штеди пари кога е нејзиниот изглед во прашање.
Пејачката Јелена Карлеуша вчера дојде да гласа и засени со својот изглед. Иако не очекувавме ништо помалку од модната икона од нејзин калибар, овој пат, според мислењето на многумина, таа се надмина себеси.
Имено, Јелена се појави во долг бел фустан, а кога ја крена наметката, сите сфатија дека е облечена во боите на српското знаме - црвена, сина и бела.
Својот патриотизам Карлеуша го покажа и преку исклучително елегантен аутфит, а оваа комбинација ја чинеше цело богатство.
Во раката држела чанта „Шанел“ која чини дури 12.000 долари, а носела чевли „Баленсијага“ од 750 долари.
Очилата од брендот Луј Витон чинат 655 долари, а кога сето ова ќе се собере, Јелена на себе понела 13.400 долари.
Не е познато колку ја чинеле фустанот и капата, но и без нивната цена може да се заклучи дека поп ѕвездата не штедела пари.
Фото: Инстаграм