Каролина ужива со сопругот во последните денови од летото: Сонце, плажа и ниту грам шминка на неа (ФОТО)

Познатата пејачка Каролина Гочева ги полни батериите на сонцето и последните денови од летото ги искористува максимално за одмор.

Пејачката објави фотографии на социјалните мрежи со кои откри дека последните сончеви зраци ги краде од плажа, на која ужива сончајќи се и уживајќи во бескрајната морска ширина во друштво на сопругот Михаил.

Каролина не ја откри дестинацијата, но претпоставките се дека крајот на летото ќе го дочека во соседна Грција.

На фотографиите кои ги сподели, пејачката е без шминка, во опуштено издание, а сопругот Михаил го фотографирала како седи на столче, свртен со грб каде се истакнува тетоважа, со поглед насочен кон морето .





ФОТО: Инстаграм