Карпата од жена- Џејн Фонда објави дека боледува од рак: Сфаќам, и тоа е болно...

Таа е олицетворение на женственост, гламур, виталност, добри гени, малку ботокс и многу вежбање. Актерката Џејн Фонда секогаш вели дека за нејзиниот изглед се заслужни вежбањето и пластичните хирурзи... и секако, многу, многу пари за да има изглед како што има на 83 години. Таква е, не крие никогаш ништо па и нејзината здравствена состојба.

Откри дека ѝ е дијагностициран рак и дека оди на хемотерапија.

Во објава до нејзините 1,9 милиони следбеници на Инстаграм, 84-годишната жена дека има не-Хоџкинова лимфома.

Фонда го опиша како „рак многу лекуван… па се чувствувам многу среќна“.

Холивудската икона ја искористи својата објава за да ја истакне состојбата на здравството во САД и рече дека ќе продолжи со својот климатски активизам.

Таа напиша дека се чувствува среќна затоа што има здравствено осигурување и пристап до најдобрите лекари и третмани.

„Сфаќам, и тоа е болно, дека сум привилегирана во ова. Речиси секое семејство во Америка мораше да се справи со ракот некогаш и премногу немаат пристап до квалитетната здравствена заштита што ја добивам и тоа не е во ред“.

Не-Хоџкиновата лимфома е редок рак кој се развива во лимфниот систем – огромната мрежа на садови и жлезди во телото.

Фонда напиша дека ќе оди на шест месеци хемотерапија, но „нема да дозволи ништо од ова да ми пречи на мојот климатски активизам“.

Актерката добитничка на Оскар го имаше своето деби во 1960 година, станувајќи позната по глумењето во филмовите како „Барбарела“, „Девет до пет“ и „На златното езеро“

Фонда е добро позната и како политички активист. Во 1960-тите таа гласно се спротивстави на Виетнамската војна. Џејн Фонда беше уапсена на протести – но тоа не го спречи нејзиниот активизам

Неодамна, таа стана борец против климатските промени.

Во својот пост Фонда рече дека нејзината дијагноза ја истакна важноста на заедницата за неа.

„Ракот е учител и јас обрнувам внимание на лекциите што ми ги носи. Едно нешто што веќе ми покажа е важноста на заедницата. За растење и продлабочување на заедницата за да не бидеме сами. А ракот, заедно со мојата возраст – речиси 85 – дефинитивно учи на важноста да се приспособиме на новите реалности.

„Живееме низ најзначајното време во историјата на човештвото, бидејќи она што го правиме или не го правиме во моментов ќе одреди каква иднина ќе има и нема да дозволам ракот да ме спречи да правам сѐ што можам“.