Кејт Мидлтон ја остави цела Европа без здив во дамска комбинација: Нејзиното најдобро издание откако е на јавната сцена

Добивај вести на Viber

Од фасцинаторот до салонките - сè е совршено

Британското кралско семејство вчера традиционално го прослави Денот на Комонвелтот во Вестминстерската опатија, а војвотката од Кембриџ ги украде сите погледи, со што уште еднаш докажа дека совршено го совладала формалниот стил и дека нема место за грешка.

Кејт Мидлтон долго време не облекла нешто вака елегантно, а сепак заводливо и дамски, па сега избра монохроматски стајлинг во кралско сина боја.

Познатата бринета го избра својот омилен модел на фустан: капут во А линија и фустан со миди должина, со потписот на дизајнерката Кетрин Вокер. Креацијата е скроена по мерка на војвотката, а тоа јасно се гледа, бидејќи одлично ја истакнува нејзината витка линија.

Овој софистициран капут беше украсен со сини плишани ревери, кои му дадоа особено фин печат, а Кејт го надополни со класични салонки од превртена кожа и феноменалниот фасцинатор на главата, исто од плиш, инаку на модната куќа Lock & Co.

Британката целата комбинација ја украси со прекрасни обетки и ланче од сафир, кое некогаш ѝ припаѓало на принцезата Дијана, а се претпоставува дека сакала да ја поддржи Украина носејќи ги, бидејќи истите парчиња накит ги носела во октомври 2020 година на средба со украинскиот претседател Зеленски и неговата сопруга Олена.

извор:zena.blic
фото:profimedia