Кејт Мидлтон не смееше да помисли на нив, денес ги обожава: Меган Маркл го промени курсот на модата во семејството со овие чевли
Фото: Youtube - screenshoot
Додека Меган Маркл не почна да ги носи, на членовите на британското кралско семејство не им беше дозволено ниту да ги погледнат овие чевли
Меган Маркл започна модна традиција, која Кејт Мидлтон ја прифати, потоа Беатрис и Јуџин, па Зара Тиндал... За што се работи?
Секако, за чевлите со високи потпетици „Aquazzura“!
Овој луксузен италијански бренд за чевли стана омилен меѓу кралското семејство, и тоа со добра причина. Кога Меган Маркл се сврши со Хари и позираше заедно за таа пригода во ноември 2017 година, модните критичари брзо го забележаа нејзиниот избор на чевли за таа пригода.
Моделот „Matilda“ на „Aquazzura“ значително се разликуваше од традиционалниот избор на обувки што ги носеа жените од британското кралско семејство.
Нема сомнение дека на ова големо влијание има покојната кралица Елизабета Втора, која имаше конзервативен поглед на обувките и јасен став кога станува збор за стилот за избор. Се шпекулираше дека тоа што таа не сака високи потпетици значело дека на Кејт Мидлтон ѝ било дозволено да ги носи само на настани на кои кралицата не присуствувала.
Така, чевлите на Меган беа дефинитивно нешто поразлично и голем чекор напред во споредба со претходните модни избори.
Кејт набрзо сфати дека чевлите на „Aquazzura“ можат да го направат нејзиниот стил дефинитивно помодерен... Таа не почна само да носи идентични чевли како Меган, туку со задоволство го прифати стилот и самата.
Секако, почитувајќи ги правилата на кралското семејство во сето ова, а непишано правило е да не се носат целосно отворени чевли, односно оние кои би го разоткриле горниот дел од стапалото.
И шпанската кралица Летиција и холандската кралица Максима ги обожаваат моделите на „Aquazzira“, како и принцезата Олимпија од Грција, која од минатата година е амбасадор на овој бренд.
Извор: glossy.rs