Кејт Мос држи ниво, а албанската пејачка го носи најекстравагантниот детаљ на грбот: Британските модни оскари го собраа „крем де ла крем“ на светската сцена
Во „Ројал Алберт Хал“ во Лондон беа доделени престижните The Fashion Awards, таканаречените британски модни Оскари, кои собраа многу ѕвезди. Толку познати имиња на едно место и толку модни изданија за кои вреди да се коментира.
Да почнеме... зошто да не од легендарната манекенка Кејт Мос.
Кејт Мос се појави во класичен црн фустан со заводлив
сјај - оние кои го следат нејзиниот стил знаат дека манекенката обожава вакви модни
изданија. Шик на нејзини начин е секогаш добро да се види и навистина ги надминува
сите трендови, бидејќи тоа е тренд сам по себе. Нејзината ќерка Лила Грејс Мос
Хек облече исклучително провокативен фустан.
Пејачката со албанско потекло Рита Ора облекла едноставен фустан, на прв поглед. Кога се сврте, ги покажа тетоважите на грбот, но и украс во форма на рбетен столб.
Најекстравагантниот детаљ од црвениот тепих. До неа беше нејзиниот сопруг, режисерот Таика Вејтити.
Ен Хатавеј носеше наметка со геометриски принт и фустан
со придушена боја, но многу необичен дизајн.
Никол Шерцингер се појави во раскошен фустан, но имаше многу подобри изданија.
Рози Хантингтон-Вајтли претпочиташе фустан со исечоци, односно комбинација од црн и црвен кармин.
Амал Клуни беше присутна на британскиот моден Оскар во
Лондон, заедно со нејзината мајка.
На афтер-журката се појави и Гвинет Палтроу во привлечна нијанса на црвена боја.
Џордан Дан донесе еден од најоригиналните фустани, со шик
детаљ на косата, додека Вини Харлоу овојпат ги стави локните во преден план.
Џилијан Андерсон изгледаше прекрасно во деколтиран фустан во боја на вино. Сите
детали од гала настанот погледнете ги во галеријата.
Фото: Инстаграм
Извор: zena.blic.rs