Ѝ пукнаа тесните црвени панталони, па ја залепија со жолта лента: Кети Пери имаше мала незгода пред камерите

Пејачката и член на жирито во музичкото натпреварување „Американски идол“, Кети Пери доживеа мала незгода на сцената.

Позната по тоа што нема проблеми да споделува со јавноста и да зборува на најразлични теми, така и овој пат, целата ситуација која беше забележана од камерите на „Идол“, Кети ја сподели и на нејзините социјални мрежи и се пошегува на своја сметка.


Имено, додека играше и пееше, облечена во корсет и тесни, црвени кожени панталони, во еден момент панталоните пукнаа, па пејачката во нејзин стил се справи со ситуацијата.

Се пошегува на своја сметка: Кети Пери нема проблем пред цел свет да покаже дека не ги депилирала нозете (ФОТО)

Веднаш побара селотејп и од незгодата изведе комичен момент, кога жолтата лента селотејп ја залепи на задникот, каде што ги искина панталоните.

Погледнете:



Пред една година почна мојот живот: Кети Пери на керќата ѝ ги посвети зборовите кои само мајките можат да ги разберат


Ја објавија првата фотографија: Кети Пери и Орландо Блум станаа родители, ќеркичката доби необично име