Животна училница // Приказни
Се пошегува на своја сметка: Кети Пери нема проблем пред цел свет да покаже дека не ги депилирала нозете (ФОТО)
Новoпечените мајки имаат свои приоритети, а така пејачката Кети Пери, која неодамна стана мајка на девојчето Дејзи Дејв, одлучи дека депилацијата на нозе повеќе нема да биде на нејзината листа на приоритети.
Пејачката е член на жирито во Американски идол, музичкото натпреварување, а во последната емисија го сподели овој (прилично интимен) детаљ со јавноста додека разговараше со еден од натпреварувачите.
„Вашиот глас е духовно искуство. Како од друг свет, ангелски. Како нова мајка, немам многу време, па престанав да ги бричам нозете, па кога пееше, влакната на моите нозе порасна за четири сантиметри“, рече Кети.
За да го докаже ова, таа ги крена нозете на масата, а нејзиниот колега од жирито, Лук Брајан, го потврди тоа: „Кети Пери има влакна на нозете!“
Фотографијата е објавена и на официјалниот Твитер на „Американски идол“ и брзо стана вирална.
извор:GLOSSY