Китење на Новогодишна елка по Фенг Шуи: Доколку ја украсите вака, цела година среќата и благосостојбата ќе ве придружуваат

Важно е да се привлече вниманието на тигарот, што ќе обезбеди напредок, просперитет и мир во куќата

Почнуваат подготовките за новогодишните празници, а ќе се согласите дека украсувањето на домот и украсувањето на елката е нешто што сите со нетрпение го очекуваат.

Експертите за фенг шуи велат дека дури и новогодишните украси имаат влијание врз настаните во наредната година. 

Според нив, важно е да се привлече добра енергија во домот на крајот на годината. Според кинескиот хороскоп, заштитник на 2022 година е Водениот тигар, чие внимание е важно да се привлече, за годината да биде добра.

Според експертите за фенг шуи, важно е да се привлече вниманието на тигарот, што ќе обезбеди напредок, просперитет и мир во куќата.

Бидејќи во филозофијата на фенг шуи може многу да се постигне со уредување на просторот и разни предмети, во овој случај треба посебно да се грижите за новогодишната елка.

Тие ве советуваат да изберете украси во природни бои, како сина, тиркизна, кафена, беж или црна, заради напредок и просперитет. 

Се верува дека боите како црвената и виолетовата, како и украсите полни со светки и флуоресцентни украси, го оддалечуваат, односно го плашат тигарот, а добрата енергија исчезнува.

Фенг шуи проповеда и хармонија со природата. Затоа, познавачите на оваа источна филозофија веруваат дека сте донеле добра одлука, доколку сте избрале оваа година да украсите природна елка. Користете што е можно помалку вештачки материјали и украси.   

Наместо тоа, изберете ткаенини од лен, памук или волна, домашни растенија, предмети од глина или керамика, дрвени топчиња и слично.

Домот можете да го декорирате и со иглолисни гранки, шишарки или сушени бобинки.


Фото: фреепик

Место кое носи богатство: Еве каде да ја поставите елката во домот