Ќе биде ли ова новиот хит: Слушнете како звучат Северина и Азис во дует (ВИДЕО)

Интересно е што Северина и Азис никогаш не се сретнале, а поради пандемијата спотот го снимиле поединечно еден месец подоцна, во клубот Лафајет.

Долгоочекуваниот нов албум, Северина (49) го најави со синглот „Фалиш ми“, воедно и прва снимена песна од новиот албум, каде што за прв пат соработува со бугарскиот пејач Азис (44).

View this post on Instagram

A post shared by Severina (@severina)



-Кога Филип ми го предложи Азис, знаев дека тоа ќе биде мал чекор за него, но голем за оваа песна, што тој го докажа со својата изведба, која е маестрална. Уште кога почна да се создава песната, Азис беше со нас во мислите и мило ми е што ми се придружи-вели Северина.

- Знам дека долго чекавте на нова песна и ми фалевте... Се надевам и јас вам - додаде пејачката.


Автор на музиката, текстот и аранжманите е Филип Милетиќ, воедно и композитор и музички продуцент на целиот нов албум на Северина, а спотот го потпишува режисерот Немања Новаковиќ.

Интересно е што Северина и Азис никогаш не се сретнале, а поради пандемијата спотот го снимиле поединечно еден месец подоцна.

Спотот кој го продуцираа повеќе од 50 соработници е снимен во клубот Лафајет, а за потребите на истата кореографија за Северина, театарски балетани и клубски танчери потпишува Милица Церовиќ.

Како ви се допаѓа песната?