Ќе дозволи ли Владата: Крај на полицискиот час и „Да“ за ноќните забави

Добивај вести на Viber

Утринава од Комисијата за заразни болести излегоа со нови предлози во однос на падемиските рестриктивни мерки. 

Согласно новите одлуки се бара укинување на полицискиот час, се враќаат ноќните забави во клубовите а на свадбите ќе може да има неограничен број на гости.

Овие одлуки сепак ќе треба да го поминат владиниот филтер. Владата е таа која ќе ја има последната одлука а дали од 16 јуни, среда повеќе нема да има ограничување на движењето на граѓаните веројатно ќе се одлучува на утрешната седница.

Препорака на комисијата е исто така сите настани кои се организираат на отворено да бидат со капациетет до 1000 лица и искористување на просторот до 50%.