Ќе има ли свадба за Чагатај Улусој и Дујгу Саришин

Обожавателите на познатата актерска двојка Чагатај Улусој и Дујгу Саришин со нетрпение очекуваат вести за претстојната свадба. Но, како и секогаш кога станува збор за светот на познатите, ќе мора да бидат трпеливии да се надеваат дека нема да се откаже венчавката во последен момент. 

Чагатај Улусој и Дујгу Саришин, кои се во врска повеќе од 5 години, ја објавија веста за нивната веридба при крајот на ова лето. Јавноста бргу почна да се распрашува за деталите на свадбата и кога истата ќе се случи.

Според извори за турскиот весник Акшам, познатиот пар се подготвува да стапне на лудиот камен следното лето, со мала церемонија на која ќе присуствуваат приближно 150 луѓе. Очигледно е дека младиот пар не се брза.

„Се` ќе се одвива според обичаите и традицијата.“, велат извори блиски на Чагатај и Дујгу. „Прво ќе се одбележи и прослави веридбата, па дури следното лето тие ќе ја формализираат нивната врска со мала церемонија на која ќе присуствуваат нивните најблиски.“ 

Во март 2021 година, Си-Ен-Ен Турција објави дека Чагатај и Дујгу раскинале, бидејќи актерката не сакала да продолжи во врска која не е јавна. Но нивната љубов сепак се покажа силна подоцна, во јуни 2021, кога Чагатај и Дујгу ја продолжија својата врска на свадбата на нивни колеги. Само еден месец подоцна, тие ја објавија радосната вест за нивната веридба.

Турската актерка Дујгу Саришин беше забележана од страна на папараците во градот Нишанташи ова лето. Саришин, која се прослави во ТВ сериите „Мали убиства“ и „Инсајдер“ новинарите ја прашаа за нејзиниот приватен живот и кога би можеле да очекуваат свадба. Насмевнувајќи се на нивното прашање, Дујгу бргу влезе во нејзиниот автомобил, одбивајќи да го коментира прашањето. 

Дујгу и Чагатај се веќе добро познати на нашата публика. Покрај извонредниот „Инсајдер“ кој за рекордно време ги освои гледачите, и во кој патем тие се запознаа и ја започнаа нивната турбулентна врска, Дујгу Саришин ја гледаме и во улогата на Бурчу Сонај во акционата драма „Мали убиства“.

Со приказна која се одвива во богатото предградие на Истанбул, Сармашик, „Мали убиства“ раскажува за бескрајната војна помеѓу „добрите“ и „лошите“. По лоша „шега“ од страна на нејзините најдобри пријателки во средно училиште, Оја го преживува својот обид за самоубиство и решава да го напушти Сармашик. 20 години подоцна, Оја се враќа дома, и патиштата на четирите жени повторно се вкрстуваат. Оттука па натаму, за нив животот никогаш нема да биде ист.

„Мали убиства“ се емитува секој ден од 21:30 на Dizi Macedonia.