Животна училница // Приказни
ЌЕ СЕ ПРОШИРИ ЛИ ЛИСАТАТА НА ЗАМРЗНАТИ ПРОИЗВОДИ?! - Се чека одлука за овошјето и зеленчукот
- 01 Април, 2023
Кои видови овошје и зеленчук ќе бидат со замрзнати цени, Владата треба да соопшти овие денови. Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека тоа најверојатно ќе се знае до утре, а анализите се во тек.
Министерството за земјоделство ги доставило влезните параметри за овошјето и зеленчукот до Министерството за економија, а ќе се земат предвид и податоците од Царинската управа.
Ќе ги имаме сите податоци и во петок или во недела ќе ја информираме јавноста на кои овошја и зеленчуци ќе се замрзнат цените, истакна Бектеши во средата, на 29 март.
Деталите читајте ги на Фактор тука.