Ќерка ми почина од ковид-19: Ова се симптомите на кои треба да обратите внимание - исповед на неутешната мајка

Мајката и таткото на шестгодишната Џиџи Морс на секој начин се обидуваат да допрат до родителите и да ги предупредат за симптомите со кои малата Андреа не успеала да се избори.

- Ковид е различен кај децата и возрасните, па затоа е тешко да се знае на што да се обрне внимание - вели мајката, Присила Морс за Си-Ен-Ен.

Џиџи почина од вирусот на 4 август минатата година

- Беше добро неколку часа пред да почине. Имаше нормална температура, единственото нешто што беше благ знак на тревога и зошто ја однесовме на лекар беше појавениот осип на рамото и дека поврати двапати. Лекарот ни рече дека тоа е стомачен вирус, дека треба да ја носиме дома, да и дадеме сладолед и да ја оставиме да се одмори - вели низ солзи Присила. Така направиле, вели таа, и го заспале девојчето.

- Отидов во продавницата да купам сладолед, а кога се вратив, пред куќата ме чекаше брза помош, противпожарно возило и полиција. Тогаш дознав дека ќерка ми починала - вели мајката.

Осипот и повраќањето не се меѓу првите симптоми на ковид-19 кај возрасните, но кај децата тие се знак на тревога. Според текстот на клиниката „Мајо“, децата заразени со корона вирус често имаат симптоми на стомачен грип како гадење, повраќање, абдоминална болка, дијареја и слаб апетит.

Од друга страна, осипот може да укаже на прекумерна реакција на имунолошкиот систем на вирусот, кој е познат како мултисистемски воспалителен синдром кај деца.

Присила вели дека зборува за ова за да ги предупреди другите родители.

- Ако вашите деца одеднаш се летаргични, повраќаат или имаат осип, однесете ги на лекар - апелира таа.

За среќа, децата подобро го толерираат вирусот, освен во случаи кога имаат хронични заболувања. Џиџи страдаше од аутизам, епилепсија и хидроцефалус, поради што нејзиниот ослабен имунолошки систем тешко се снаоѓаше.

Инаку, Дејвид и Присила ја посвоиле Џиџи од сиропиталиште во Украина во 2017 година, кога девојчето имала три години.

- Нејзиниот живот трагично беше скратен, но драго ни е што барем се чувствуваше дома и имаше љубов од семејството пред да замине - вели Присила, пренесува „Жена Блиц“.


Фото: GOFUNDME/ANDREA BELL / SCREENSHOT

Можеби ќе ве интересира: 

Девојче починало во сон по три дена откако дознале дека има коронавирус: Родителите со важно предупредување