Ќерката на кралицата нема од болка: Принцезата ја тешеше снаата во најболниот момент, но Ана собра сила и нејзиниот гест на почит и љубов ги трогна сите

Добивај вести на Viber

Потресни емотивни сцени од Единбург каде семејството на кралицата Елизабета Втора стои покрај ковчегот со нејзиното тело во палатата Холируд, резиденцијата на британскиот монарх во Шкотска. Ковчегот е покриен со кралските симболи на Шкотска. Ќерката на кралицата, принцезата Ана, и во тој момент најде сила да го следи протоколот.

Ќерката на кралицата и принцот Филип, возејќи се во автомобилот зад автомобилот во кој се наоѓаа посмртните останки на Елизабета Втора, го следеше пренесувањето на ковчегот од замокот Балморал, каде на 8 септември почина кралицата во Единбург. Во тоа време се коментираше дека принцезата Ана, позната по својот цврст карактер, подлегнала на огромната тага.

Изгледаше речиси отсутна додека се возеше покрај собраните обожаватели на британската кралица.

Додека ги гледаме нејзините фотографии од палатата, се сеќаваме на вчерашните зборови на Вилијам: „Светот изгуби историски владетел, но јас изгубив баба“. И Ана и останатите членови на семејството треба да помират бројни обврски и протоколи со чувството на болка и тага денес и во иднина.

Така Ана вчера и се поклони на мајка си, а нејзиниот потег ги трогна сите. Колку почит, љубов и болка носи оваа фотографија.

Со принцезата Ана беа нејзините браќа, принцовите Ендру и Едвард со сопругата, грофицата од Васекс, која ја тешеше неа и нејзиниот сопруг.


Фото: Инстаграм

Од љубовница до кралица придружничка: Дијана велеше дека Камила не е убава, а за тоа време таа го заведувала принцот