Ќерката на Силви и на Влатко, Деа е нивната најголема поддршка: Моите родители се супер (ФОТО)
Ќерката на Силви и на Влатко Плевнеш, Деа Делина е нивната најголема поддршка и најголема гордост.
Деа беше гостинка, но и соработник на вчерашната промоција на новиот албум на „Силви бенд“, „Како во сон“ која се одржа во кафе бар „Филхрамонија“. Деа на видео бим го пушти новиот спот на Силви и Влатко за темата, „Ја излези стара мајко“, преработката на македонската народна песна.
Среќна и задоволна, таа позираше со своите родители, и кусо ни изјави: Супер им е албумот.
Иако е медиумски помалку експонирана, Деа е исто така музичар, перкусионист и вокал, а своето музичко знаење го има стекнао во Холандија. Исто така, интензивно се занимава со јога.
- Сите вие што дојовте вечерва овде сте ни фамилија. Овој албум се созадаваше за време на короната, кога Влатко беше исклучително креативен и вреден. Ако не беше болеста, мене тоа ми беше најубав период од животот. Се одморивме, се посветивме на себеси и едни на други. Сега, толку брзо, како ништо да не било му се вративме на старото, лудачко темпо“, рече Силви на промоцијата, облечена во долг фустан со животински принт.
Убава најава за овој албум кој има десет песни, даде Ирена Спировска која ја водеше промоцијата.
- На албумот повторно ја преработивме „Ангели нѐ носат“, во чест на нашиот Драга Вучичќ кој ја напиша музиката. Оваа песна нѐ дефинираше нас како дуо“, рече Силви и побара аплауз за покојниот музичар и водител кој почина на 4 мај во 20202 година.
За Силви и за Влатко е многу значајно што во насловната песна „Како во сон“, гостува нивниот како што кажаа побратим, Џон Илија Апелгрин, а музиката е на братот на Силви, Бобан Мучиќ. Силви и Влатко се автори на музиката, текстот и на аранжманите на поголемиот дел од албумот.
Спотот за песната „Ја излези стара мајко“ е сниман на Свети Наум, а охриѓанецот Благоја Ритески го глуми Осман бегот. Во претходно интервју за Женски магазин, Силви раскажа дека оваа стара народна песна настанала токму во семејната куќа на Плевнеш во Охрид. Истата приказна, ја раскажа и Влатко на промоцијата на која дојдоа многу нивни пријатели, а ја слушнал од повозрасен човек кој поминувал покрај куќата во стариот дел на Охрид.
М.Џаровска