ОСУМ ПАЦИЕНТИ НА ДОМАШНИТЕ КЛИНИКИ, УШТЕ 69 ВО СТРАНСТВО - се прават планови за долгорочно лекување на пациентите од Кочани

Се утврдуваат потреби за долгорочно лекувањена пациентите кои се на лекување во странство по повредите добиени во катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Се работи за нивно лекување во надворешни центри во втората фаза од процесот, информираше денеска доктор Игор Николов, контакт - лице за состојбата на пациентите од пожарот во дискотеката во Кочани.
Тој потврди дека има понуди од земји да третираат или да дадат долгорочна рехабилитација и да водат пациенти.
- Во моментов, на Пластична хирургија е само пациентка вратена од Унгарија. Тројца пациенти се отидени на домашно лекување, со препорака за редовни контроли. Во „Свети Наум Охридски“ има шестмина пациенти. Сите се стабилни, се очекува испис утре. На Токсикологија има двајца пациенти. И двајцата се стабилни. Во ГОБ „8 Септември“ нема пациенти во моментов - појасни Николов во изјава за МИА.
Шеесет и девет пациенти од пожарот во дискотеката во Кочани сѐ уште се лекуваат во странство. Засега, нема планирано враќање на некој од нив во текот на денешниот ден.
Подетално на ФАКТОР ТУКА.