Ќерќата на Наум Петрески ќе стане мајка по втор пат: Анастасија е прекрасна трудница (ФОТО)

Фолк-пејачката Анастасија Петреска, на својот Инстаграм профил со обожавателите сподели дека е во блажена состојба.

 Ќерката на Наум Петрески ќе стане мајка по втор пат.

Пред две години во семејството на естрадната двојка Анастасија Петреска и Владимир Поповски се роди првата среќа, ќеркичката Андреа.

Пејачката сподели фотка од трудното стомаче, а многумина се прашаа дали носи момче според емотиконот во плаво срце во описот на сликата.

Анастасија е во брак со Владимир Поповски, пејачот на групата „Биоритам“, со кого беше во врска две години, а се венчаа на почетокот од 2019.


Анастасија е најстарата ќерка на Наум, а Андреа е негова прва внука.


(ФОТО) Анастасија, ќерката на Наум Петрески на прошетка со ќерката