Култура // Настани
„Коцка“, нова песна на Шарки и Томче
Дуото Дарко Шарки и Томче го промовираа новиот сингл „Коцка“, зад кој стои авторскиот тим Ангел Ќосев, кој ги напиша музиката и аранжманот, а текстот е на Андријана Маркоска. Спотот го направи Дарио Јанковиќ, а снимен е на браната Козјак и казиното „Винер“, каде што се одржа промоцијата.
Песната има и српска верзија и за две недели ке имаат промоција во Белград. Снимена е во студиото „Подрумот“ со живи инструменти и тоа Гоце Илиоски- тапани, Бока Конга- конги, Васил Потиров- бузуки, Никола Автовски- бас, Ангел Ќосев -клавијатури и Лидија Кочовска е придружен вокал.