Коензим Q10 - решение за замор

Добивај вести на Viber

Кај голем број на луѓе се почеста е појавата на трајно чувство на замор па честопати немаме доволно енергија дури и за кратка прошетка. Искуството ни кажува дека болното чувство на замор полесно ќе го надминеме земајќи што повеќе овошје и зеленчук, витамини и минерали, но лекарите се почесто препорачуваат соединение со необично име - коензим Q10, заедно со витаминските препарати.

Иако е откриен дури во средината на 20 век, коензимот Q10 денес во многу земји е една од најпрепишуваните супстанции што лекарите им ги нудат на своите пациенти за да ги ублажат симптомите на хроничен замор и разни срцеви заболувања.Покрај тоа, тој е и моќен активатор на клеточната енергија, па затоа неизбежно се наоѓа во торбите на многу спортисти.

Во телото, коензимот Q10 има важна функција во претворањето на енергијата на прехранбените материи во сопствената енергија на телото. Овој процес на конверзија се одвива во митохондриите, делови од клетки кои заслужено се нарекуваат „клеточни моќници“. Во нив сите енергетски донатори на храна (масти, јаглени хидрати, протеини) се метаболизираат со помош на кислород, со цел на крајот да се произведат молекули на АТП. Аденозин трифосфат или АТП ги претставува енергетските резерви на нашиот организам. Овие клеточна енергија се создава кога внесуваме доволни количини храна, а се троши кога ни е потребна. Добивањето клеточна енергија е резултат на многу сложени, меѓусебно координирани реакции регулирани со ензими. Коензимот Q10 е одговорен за последната фаза од енергетскиот метаболизам на клетката и затоа е неопходен за генерирање на енергија во секоја клетка од нашето тело.

Покрај учеството во енергетскиот метаболизам, невообичаено важна е и улогата на коензимот Q10 како природен антиоксиданс. Овие две својства - неговата функција како енергетски медијатор и антиоксиданс - се клучот за повеќекратното благотворно дејство на коензимот Q10 врз нашата општа состојба и физичка способност, како и врз функцијата на срцето.

Највисоки концентрации на коензим Q10 во телото се наоѓаат во срцето и црниот дроб, каде што има многу голема потреба од енергија за специфичен метаболизам.

Потребите на телото за коензим Q10 се задоволуваат со исхрана и сопствено производство во црниот дроб. Телото не произведува секогаш еднакви количини на коензим Q10: неговото производство се зголемува при физичка работа, но и при земање на тироидни хормони, а се намалува со стареењето.

Месото, сојата, јаткастите плодови, маслата, бадемите и спанаќот се особено богати со коензим Q10, па со разновидна и правилна исхрана дневните потреби може да се задоволат до одредена возраст.Едностраната исхрана и се подолгиот животен век на луѓето создаваат потреба за дополнување на коензимот Q10. Со сигурност е утврдено дека концентрацијата на коензимот Q10 во клетките се намалува со возраста. Така, на пример, содржината на коензимот Q10 во телото е помала за околу 30% на возраст од 40 години, додека кај 60-годишните е помала и до 60% во споредба со неговата содржина кај дваесетгодишните. . Таквиот недостаток нужно се рефлектира во клеточниот метаболизам - клетките остануваат без потребната енергија и не можат да ги извршуваат своите функции, што може да доведе до смрт на клетките и постепено влошување на организмот.

Утврдено е и дека хроничниот недостаток на коензим Q10 доведува до постојан замор и исцрпеност, недоволна концентрација и метаболички нарушувања. Доколку не се преземе ништо за овие состојби, тоа може да доведе до нарушување на метаболизмот на јаглени хидрати (дијабетес кај постарите лица), нарушувања на метаболизмот на мастите (оштетување на циркулаторниот систем) и забрзано и предвремено стареење на клетките, поединечните витални органи, а со тоа и на целиот систем на телото. Во такви услови се препорачува дневен додаток од најмалку 30 mg коензим Q10.

М-р фарм. Љупчо Јанковски

* ПР - објава

фото: freepik.com