Коензим Q10 - суштинска алка во енергетскиот ланец

Коензимот Q10 или убиквинон, назив кој доаѓа од латинскиот збор ubiquitarius, што значи „присутен насекаде“. Навистина, коензимот Q10 е еден од основните телесни коензими и е многу распространет во природата - го наоѓаме кај квасецот, растенијата, животните и луѓето. Убикинон или коензим Q10 е суштинска компонента на ланецот што транспортира електрони во митохондриите. Тоа е супстанција слична на витамините, со карактеристична кинонска структура прикачена на „опашка“ од десет изопреноидни единици. Токму неговата посебна хемиска структура му овозможува да има различни дејства на ниво на липидни мембрани и во митохондриите.Редуцираниот облик на убиквинон - убикинол - делува како телесен антиоксиданс кој интервенира во метаболизмот на реактивните кислородни соединенија и помага во зачувување на витаминот Е, главниот антиоксиданс на клеточните мембрани и другите липосолубилни структури на телото. Како коензим, оваа хранлива материја учествува во митохондриите во сложениот процес на трансформирање на храната во АТП. Човечкото тело создава коензим Q10, но со стареењето оваа способност се намалува. Оваа супстанца ја внесуваме и преку храната, а најзастапена е во месото и рибата.Ниско ниво на коензим Q10 во крвта е забележано кај луѓе со срцеви заболувања, кардиомиопатија, гингивитис, дебелина, хипертензија, мускулна дистрофија, Паркинсонова болест, СИДА и пациенти на дијализа. Нивото на коензим Q10 е намалено и кај постарите лица, а бидејќи количината на коензим Q10 се намалува со возраста, може да се претпостави дека неговиот недостаток во организмот е една од причините за стареење на организмот.

Поради директното учество во процесот на производство на енергија, овој коензим може да биде корисен во различни форми на физички напор, а наидува на посебна употреба кај спортистите. Се покажа дека земањето дополнителен коензим Q10 е директно поврзано со чувството на замор за време и по физичката активност, а ефектот зависи од дозата. Со оглед на тоа што учествува во создавањето на клеточната енергија, може да биде корисен во различни состојби на исцрпеност и мака и хроничен замор.

Вообичаената дневна доза на коензим Q10 за возрасни е 30-90 mg, иако одредени здравствени состојби може да бараат повисоки дози. На луѓето со срцеви заболувања им се препорачува да земаат 90 - 150 mg. На пример, во моментов е во тек истражување на фаза III за ефектот на коензимот Q10 врз Паркинсоновата болест во дози високи до 2400 mg/ден. Нема податоци за токсичност или несакани ефекти при земање, а студиите покажуваат дека е целосно безбеден во дози од 500-1200 mg/ден. Може да се комбинира со други супстанции кои потекнуваат од храна и растенија без страв од интеракции, а дополнителното внесување не влијае на ендогената синтеза на Q10. Се препорачува да се зема коензим Q10 со оброци за подобра апсорпција.

СОВЕТИ +

• Грижете се за правилно варење на храната. Здравото производство на енергија започнува со здраво варење. Обезбедете здраво варење со консумирање умерени количини на храна, поделени во неколку оброци. На овој начин вашиот дигестивен систем е помалку оптоварен, ќе се чувствувате поенергични и ќе имате повеќе енергија. Јадете полека и добро џвакајте ја храната. Вклучете храна богата со диетални влакна во вашата исхрана.

• Избегнувајте конзумирање на храна со висок гликемиски индекс. Храната со низок гликемиски индекс ќе му обезбеди на вашето тело енергија подолг временски период и ќе ви помогне да избегнете нагли падови на нивото на енергија. Ограничете го внесот на храна и пијалоци со висок гликемиски индекс.

• Јадете цели зрна кога е можно. Целите житарки се добар извор на витамини, особено на витамините Б, кои се неопходни за производство на енергија.

• Вклучете зеленчук во вашата исхрана, кој е добар извор на висококвалитетни протеини, особено во втората половина од денот. Добри извори на висококвалитетни протеини се рибата, јајцата, сојата и мешунките. Оваа храна обезбедува важни амино киселини кои се градбени блокови на здрави клеточни протеини.

М-р фарм. Соња Пецевска

* ПР - објава

фото: freepik.com