Кога ќе се спојат кралицата Летиција и првата дама на Македонија тоа мора да е врвна елеганција (ФОТО)

Шефот на државата Стево Пендаровски и првата дама Елизабета Ѓоргиевска присуствуваа на свечената вечера, која во чест на лидерите на земјите-членки на НАТО, учесници на Самитот, ја приредија Кралот на Шпаниja Н.В. Фелипе Шести и неговата сопруга Кралицата Летиција. 



Кралицата Летиција достојна како и секогаш. Кога е во прашање модата, никој не може да ѝ парира. Сите први дами ги фрли во втор план.

Покажа дека кога станува збор за модата и облеката нема апсолутно никаква конкуренција, барем во светот на политиката. Таа успешно ги засени сите први дами на членките на НАТО собрани на самитот во Мадрид вечерва, кој започна со гала вечера во палатата. Убавата кралица избра докажана црна комбинација, која сепак успеа да се истакне и да изгледа неверојатно елегантно и отмено. Нејзината креација потсетува на модните избори на поранешната американска миленичка Џеки Кенеди, долен дел во форма на ѕвонче со многу едноставен горен крој на фустанот. Го искомбинирала со сандали Manolo Blahnik slingback кои веќе ги носела во некои прилики. Иако гостите, првите дами во низа, многу се трудеа да бидат софистицирани, никој не можеше ни да и парира на шпанскиот професионалец.

До израз дојде и нејзиниот Karen Hallam прстен.

Од друга страна, за пофалба е и модниот избор на нашата прва дама. Елизабета Ѓоргиевска се појави во црвена моќна комбинација, која е дело на македонскиот моден дизајнер Никола Ефтимов.

Дизајнот на Ефтимов е инспириран од современо толкување на традиционалните референци на македонската и шпанската култура. Во појдовната точка на приказната е од црвената боја како референтната за двете земји. Свилениот фустанот ја следи идејата за едноставна елеганција, почитување на личноста на првата дама, но и самиот настан.

Свилениот фустан првата дама Елизабета го искомбинира со црвени чевли и чанта во иста таква боја



Фото: Фејсбук профил на Претседател Стево Пендаровски