Кога мојот глупав син ја изневери сопругата, направив нешто што ја расплака: Иако е мој, не можев да му простам

Добивај вести на Viber

Популарно е мислењето дека свекрвите и снаите не се разбираат и дека повеќе си наоѓаат маани една со друга отколку доблести. Оваа приказна е доказ дека односите меѓу снаата и свекрвата не мора да бидат нужно лоши.

„Го сакам мојот син со целото мое срце, но тој навистина ја направи најглупавата работа досега. Се ожени на 20 години, а неговата поранешна сопруга веќе имаше тригодишна ќерка која ја сакав како своја внука. Добија и едно дете заедно, мојот втор внук кој има две години. Тие беа совршено семејство, но тој го уништи со аферата што ја имаше со колешка, снаата го избрка и тој реши да се врати кај мене“, сподели во објава на Reddit жената која се разочарала од синот.

Меѓутоа, за да ѝ се одмазди на жената, тој со себе го понел и кучето кое децата го обожавале. И покрај тоа што кучето ги имало сите можни услови за нормален живот таму, тој решил да ѝ го донесе на мајка си, која живеела во стан во центарот на градот, без услови за толку големо куче.

Мајката решила да ги земе работите во свои раце, па додека тој бил на службен пат го однела кучето во куќата на неговата поранешна сопруга и децата.

Исто така, вели таа, нејзиниот син целосно го запоставил кучето и всушност го чувал само за да ја изигра својата поранешна сопруга затоа што го избркала од дома.

„Додека беше на службен пат ѝ се јавив на неговата поранешна сопруга и ја прашав дали сака кучето да се врати. За малку ќе заплачеше од среќа и јас веднаш спакував се‘ што му припаѓаше на кучето и го одведов таму. Моите внуци беа пресреќни. Но, кога син ми се врати дома, почна да ми вика затоа што го однесов неговото куче, на што само му реков дека ако се обиде да го земе кучето, нема да биде добредојден во мојот дом“, истакнала таа.

„Тој мисли само за себе. Не му е гајле за кучето, ниту за вас, ниту за децата, ниту за сопругата. Убаво е што после се' го оставивте да остане со вас“, „Инаку не поддржувам ако нечиј миленик без знаење на сопственикот го дадете, но во овој случај тоа е дефинитивно оправдано“, „Ти благодарам за ова и што се‘ уште си добра свекрва на неговата поранешна“, се само дел од коментарите на корисниците на Редит.


Фото: Freepik
Извор: женаблиц