Имав симптоми на рак, кога му кажав на лекарот дека не можам да јадам, тој рече: „Можеби тоа и не е толку лошо!“ - во мене беснееше болеста, а 30 дена подоцна ...

Аманда Ли (29) од Лос Анџелес подолго време страдала од стомачни болки, поради што отишла кај неколку лекари. Но, не ја сфатиле сериозно поради нејзината тежина, а тоа и го препишале на прејадувањето. Меѓутоа, еден месец подоцна, лекарот кој ја направил нејзината колоноскопија и дијагностицирал рак на дебелото црево кој се проширил на лимфните јазли.

Докторите во неколку наврати ги отфрлиле тврдењата на Аманда дека е болна поради нејзината тежина, а еден од лекарите дури и рекол дека е благослов тоа што не може да јаде многу. Аманда изјавила дека долго време страдала од стомачни проблеми и дека била кај неколку лекари. Минатиот февруари, кога му кажала на докторот дека едвај јаде од болки и дека многу ослабела, тој нечувствително и рекол дека „можеби тоа и не е толку лошо“, пишува BuzzFeed.

Откако и бил дијагностициран рак, почнала со хемотерапија и сега е во ремисија.

Откако дознала дека ја има оваа сериозна болест, Амандра почнала да снима видеа на ТикТок. „Сè уште сум збунета од фактот дека докторот ги игнорираше моите симптоми на рак на дебелото црево“, рече Аманда.

@mandapaints I talk about my size to make a point about #fatphohia #MaiselChallenge original sound - Amanda Lee

Нејзиното минатогодишно видео стана вирално со повеќе од половина милион прегледи, а нејзиното ново видео беше прегледано повеќе од 250 пати.

Минатиот месец, една година откако го објави видеото, таа повторно го сподели клипот на ТикТок.

„Многу луѓе не биле слушнати, тестирани или третирани добро поради прекумерната тежина“, вели Аманда, која сега создава содржина за да ги научи другите да застанат во своја одбрана.


Фото: Инстаграм - mandapaints 

Видео: ТикТок