Кои хороскопски знаци најмногу заработуваат?

Добивај вести на Viber

Интуицијата на Овните  е на завидно ниво и често се случува да замислат нешто и тоа да се оствари, а притоа ни со прст да не мрднат. Од друга страна, не се доволно амбициозни за материјално да ги обезбедат долгорочните планови. Понекогаш одат во крајност и живеат скромно, само да не мораат многу да работат. Среќна околност е што од семејството и фамилијата добиваат пари, недвижнини, па и вработување. Го обожаваат луксузот и максималното уживање.

Бикот како хороскопски знак со најизразен интелект во Зодијакот. Тој не се плаши премногу за финансиската состојба. Во негов интерес е да придонесе кон подобрување и прогрес на светот, па и од тоа може доста да заработи. Ни самиот не знае колку пари има, но секогаш е спремен на ризик и да инвестира во нешто, а  ако остане без пари, има и од каде да позајми – има огромен број пријатели.

Бидејќи Близнакот е хороскопски знак на успехот и бизнисот, најуспешен е во материјалниот сегмент на животот. Тој едноставно умее да направи пари, а не мора да биде посебно креативен или необичен, но има самодисциплина и истрајност во своите амбиции, а амбициите секогаш се од материјална природа. Со својата издржливост Близнакот стекнува пари и се збогатува таму каде што другите пропаѓаат или не издржуваат до крај. Најмногу троши на лични задоволства, вложува во трајни вредности и ужива во својот висок друштвен статус кон кој отсекогаш тежнеел.

Ракот е еден од најсреќните знаци на Зодијакот кога станува збор за парите. Доколку не се збогати, сигурно ќе пронајде професија која му гарантира животен комфор. Ако не е тоа случај, тогаш дефинитивно не постои хороскопски знак кој се снаоѓа полесно од него. Ракот е едноставно роден под среќна ѕвезда, и кога ништо не бара добива сѐ. Во суштина парите не го интересираат претерано, тој е авантурист и светски патник и очигледно има повеќе среќа отколку памет.

Лавот често добива пари оставени во наследство, но бидејќи е чувствителен кога станува збор за материјални работи, успева и да го сочува тоа што го наследува. Најуспешните бизнисмени се родени баш во овој хороскопски знак. Амбициозниот Лав парите го привлекуваат затоа што даваат сигурност, но и висока положба во друштвото; го привлекува банкарството и финансиите. Парите за нив се афродизијак кој им го крева адреналинот и ги тера да бидат подобри и поуспешни. Затоа уживаат додека ги трошат и не штедат опсесивно, затоа што знаат дека се способни да заработат и дупло повеќе.

Девицата е знак на благосостојба и поради тоа има среќа со парите. Како по правило, скоро секогаш добива наследство или има некои други привилегии – преку подароци или значителни суми кои ги добива од роднините. Но и покрај тоа, како вреден работник, таа во текот на животот успева да заштеди голема количина на пари. Никогаш не би дозволила да остане без ниту еден денар и секогаш е спремен да заработи и исполни своите високо поставени цели. Понекогаш како паничен штедач размислува како да заштеди, но бидејќи сака луксуз, скапа гардероба, патувања и добра храна, извесен дел ќе потроши.



Вагата е склона кон стекнување пари во мали рати, упорно и сигурно. Овој знак е многу штедлив и своето богатство го стекнува собирајќи денар по денар. Одлично пресметува и со секоја мала трансакција Вагата ја зголемува својата сметка. Иако на прв поглед изгледа скромно, таа сака сѐ што е луксузно и гламурозно, а за остварување на своите соништа ја чува секоја пара. Најмногу троши на куќата, семејството и на патувања, затоа што тоа ја прави среќна. Штеди и знае во што вложува и никогаш не греши.

Шкорпиите се сестрани и интелектуални, иако не им се предвидува голема заработка, нивните способности им помагаат да постигнат добар резултат. За Шкорпијата парите се симбол на удобност и ги троши на патувања, скапа козметика, облека и излегувања. Како комформист вложува многу во домот, но не само во неговата удобност, туку и во скапоцени уметнички предмети и антиквитети.

Ако Стрелецот сака да биде богат мора да ја промени својата идеалистичка природа. Тој се занимава со професија во која повеќе му значи да биде исполнет, отколку заработката. Сите професии кои му служат на јавноста и допринесуваат светот повеќе да ужива му одговараат наму. Најмногу троши на гардероба, зошто важно му е да биде облечен во последна мода; доста дава и за опремување на куќата, бидејќи му е важна удобноста. Првата плата секогаш ја троши на ноќен живот, ресторани и подароци.

Јарецот поседува вродена деловна интелигенција. Мошне е способен да започне сопствен бизнис и да заработи големи суми на пари. Не ги сака промените, но кога тие ќе настапат е добро подготвен и организиран, па вешто ја користи секоја можност за да генерира пари. Секогаш попрво ќе одбере работа која му носи заработка отколку работа која му одговара според неговите афинитети. Тој је способен да троши многу на патувања или на нешто што уште од детството посакувал да го има.

Помалку безличниот ум на Водолиите умее да биде клуч на успехот кога станува збор за пари. Спаѓаат во материјални знаци,  се талентирани и сестрани и со својата интелигенција може да постигне голем материјален успех. Секогаш се снаоѓаат, но повеќе тоа е заслуга и на луѓето околу него кои им помагаат – партнерката, родителите или роднините. Умее да троши пари на непотребни работи поради што често паѓа во долгови. Сака да купува и ефтини работи, но и тоа како умее да троши и на луксузни.

Рибата заработува пари, но во склад со тоа, вложува големи напори за да ги оствари своите материјални цели. Силата на нејзиниот т карактер мора да биде употребена на нешто продуктивно во бизнисот или професијата со која се занимава за да постигне материјален успех. Нејзиниот став кон трошењето пари понекогаш е мошне детинест и несозреан. Парите ги троши за сопствени задоволства, сака да се покажува и да вози скапи автомобили и да носи скапа гардероба. И кога нема пари остава впечаток дека има.