Кој ги контролира афлатоксините? Нема да ги уништите со варење на млекото
Термична или технолошка обработка на млечните продукти не ги уништува афлатоксините, поради што надлежните пристапуваат кон зачестени контроли овој период од годината, со цел спречување на продукти кои ги содржат да се најдат на трпезата. Ова го посочуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство, институција надлежна за контрола на квалитетот на храната која се користи на нашето поднебје.
По информациите во јавноста дека се утврдени млечни производи во кои се пронајден афлатоксин ги запрашавме надлежните колку контроли се прават неделно за проверка на ваквите токсини во млечните производи? Како се одлучува кои типови на производи ќе се проверат? Дали се потребни дополнителни контроли и многу повеќе...
Од Агенцијата за „Фактор“ посочуваат дека млекото и млечните производи се испитуваат согласно Годишниот мониторинг план на афлатоксин М1 и тоа повеќе во есенскиот период и најмногу од соседните земји од кои увезуваме поголеми количини млеко и млечни производи.