Здравје // Совети
Кој ќе ја чека Новата Година во кафеана, нека биде подготвен да го помине Божиќ во болница, порачува српски лекар
Епидемиологoт д-р Радмило Петровиќ од Србија порача дека оние кои се подготвени за Нова година да бидат во кафеана, да бидат спремни Божиќ да го чекаат во болница.
Тој алармира дека состојбата е многу сериозна, а во Србија веќе е откриен и омикрон сојот на коронавирусот.
Епидемиологот вели дека престои период на слави и собирање на луѓето во затворен простор, па затоа по Нова година бројот на заболени се очекува да биде поголем.
„И јас сакам дочек на Нова година, но сето тоа трае неколку часа и без маска што е голем ризик да се шири вирусот“, вели Петровиќ.
Додава дека основна мерка за заштита од вирусот е вакцината. Повеќе инфо на Фактор.мк
Фото: screenshoot