Која е убавата Бразилка Летисија Тесари: Со години е во врска со Марко, братот на Новак Ѓоковиќ

Додека за Јелена Ѓоковиќ знаеме речиси се, многу малку се знае за избраничките на браќата на Новак Ѓоковиќ - Марко и Ѓорѓе Ѓоковиќ. 

30-годишниот Марко и 26-годишниот Ѓорѓе, исто така своевремено се занимавале со тенис професионално. За Ѓорѓе неодамна пишувавме дека е магнет за жени, а моментално е во врска со убавата Сашка.

Додека Марко пак, повеќе години е во врска со убавата Бразилка, Летисија.

Сепак, за разлика од Јелена и Новак, средниот брат Ѓоковиќ, Марко не споделува многу за својата љубов со другите. Толку малку се знае за неговата врска со Летисија Тесари што не е сосема сигурно дали се веќе во брак.

За тоа се шпекулираше и претходните години, некои пишуваа дека се венчале тајно, но таткото Срѓан Ѓоковиќ го демантираше сето тоа и изјави дека ќе се знае доколку се случи венчавката.

Сепак, многумина веруваат дека Марко и Летисија се венчале тајно токму затоа што не сакаат медиумска помпа и сакаат да се кријат од љубопитните очи. Тие двајца го градат својот свет во Марбела, Шпанија.

Откако Марко се одселил таму, ја запознал Летисија, а инаку таму работи во тамошната тениска академија. 

 Која е симпатичната Летисија?

Таа е дизајнерка која го посветила својот живот на уметноста. Повремено споделува за нејзините уметнички афинитети со следбениците на Инстаграм. 




А понекогаш знае да сподели и по некоја фотка со Марко.

„Марко... Не знам од каде да почнам кога зборувам за тебе, затоа што моите чувства кон тебе немаат крај ни почеток. Нема зборови со кои можам да изразам како се чувствувам кога сме заедно. Посакувам да можам да го објаснам необјаснивото... Не знам од каде да почнам. Мојата љубов кон тебе започнува секој ден како да е почеток на нешто сосема ново и необјасниво.За почеток би можела да кажам дека те сакам“ - му напиша еднаш таа.



А и Марко често знае да ѝ одговори со емотивни зборови:

„На сите ни треба некој да биде со нас во прекрасните, но и во тешките моменти, некој кој можете да го прегрнете во секое време и да го наполните со енергија, некој кој од домот прави вистински дом... ти благодарам“ - ѝ напиша тој во една прилика.




извор:najzena