Која ли е тајната на здравата коса на Меган Маркл? Нејзиниот фризер ги открива триковите
На првата полуфинална вечер на „Песни за Евровизија“ големо внимание привлече настапот на Констракта со песната „In corpore sano“. Песната стана навистина вирална со брзина на светлината, па стиховите на многумина им одекнуваат во глава .
„Која ли е тајната за здравата коса на Меган Маркл? Која ли е тајната?“
Констракта победи во финалната вечер, а Србија ќе ја претставува на Евровизија во Торино, а со оглед на тоа дека сите зборуваат за косата на Меган Маркл, ги пронајдовме советите на нејзиниот фризер кои можете да ги примените уште веднаш ...
Џорџ Нортвуд, кој е задолжен косата на Меган Маркл да изгледа феноменално во секое време, еднаш откри кои се клучните чекори кога е во прашање негата на косата.
Правилната нега е особено важна во зимските месеци, бидејќи во овој период е изложена на ветер, сув воздух поради загревање и други надворешни фактори. Сето ова ја прави кревко и се губи сјајот. Ако ги следите овие шест правила, вашата коса ќе изгледа негувано во секое време ...
1. Избегнувајте рамно фенирање
- Лично секогаш изгледам поопуштено со локни. Кога косата е виткана, таа изгледа поубава, сјајна и поздрава. Сите маани се гледаат на рамно фенираната коса, па благите бранови се многу подобро решение – вели Џорџ.
2. Миење на косата
Повеќето луѓе всушност не ја чистат косата целосно кога ја мијат, така што косата завршува покриена со некаков филм што на крајот доведува до недостаток на сјај. Со шампонирање двапати, првото миење го отстранува вишокот нечистотија, а второто миење само всушност ја чисти.
Како правилно да ја измиете косата?
Според Нортвуд, првата и најголема грешка што ја прават повеќето жени е користењето премногу шампон.
- Двојното миење на косата не значи дека треба да користите повеќе шампон, напротив. Поентата е во двојното плакнење. Освен тоа, повеќето типови коса најдобро се мијат на секои два до три дена, а за тие денови измеѓу, најдете квалитетен шампон за суво миење – објаснил стилистот.3. Користете сув шампон за вашата коса да изгледа погуста
Сувиот шампон е одличен за оние жени кои имаат тенка коса. Сувиот шампон и дава текстура на косата и ја прави визуелно погуста. Џорџ нагласува дека со овој производ не треба да се претерува, бидејќи може да ја исуши косата. Користете го овој трик во посебни прилики.
4. Избегнувајте користење на пегла за коса
Пеглата може да предизвика акумулација на статички електрицитет во вашата коса и да го отстрани сето природно од изгледот. Правата коса може да создаде безживотен изглед.
5. Користете маски за коса што е можно почесто
- Редовната употреба на хранливи маски за коса ќе ја оживее косата и ќе и го врати сјајот. Се препорачува да се користат еднаш неделно, а најдобро би било да ги содржат оние што содржат масло од арган - тврди тој.
6. Испукани врвови
Негувањето на испуканите врвови со масла, серуми и креми е најдобриот начин да ги сокриете - овие производи делуваат како лепак, ги измазнуваат испуканите врвови и ѝ даваат на вашата коса негуван изглед. Уште еден совет за сите жени кои ја исправаат косата.
- Доколку сакате да ја исправите косата и да користите масло, нанесете го маслото по „пеглањето“. Ако ја испеглате косата по користење на маслото, таа ќе изгори како врело масло во тава. Буквално ќе си ја испржите косата – предупреди Нортвуд.