Колешките не можат да ми простат за бракот со Филип: Александра Пријовиќ отворено за свекрвата и финансирањето на нејзината кариера

Многумина сметаат дека за нејзиниот успех и слава се заслужни Филип и Лепа Брена.

Покрај нејзините настапи и новите песни, медиумите пишуваат и за нејзиниот брак со Филип Живојиновиќ. Успехот на Александра Пријовиќ постојано им се припишува на Филип и Лепа Брена.

- Мојот брак е многу поголем проблем за моите колешки од мојата кариера. Мислам дека сите успеси би можеле да ми ги простат и да минат преку нив, но бидејќи се омажив за него, тоа никако. Понекогаш испаѓа дека без Филип и Брена немаше да успеам. Акцентот е секогаш на него, без разлика што сама ги финансирам сите песни и спотови - изјави Александра Пријовиќ.

Пријовиќ режи да разјасни некои работи, па откри дека нејзината свекрва не е Лепа Брена.

- Морам пред се да кажам дека мојата свекрва не е Лепа Брена, туку мајката на Филип, Зорица - изјави Александра за IDJTV, а потоа додаде:

- Брена е прекрасна жена која се грижи за семејството и е многу добар човек - заклучила Александра и истакнала дека има прекрасен однос со Брена и Боб, пренесува Блиц.



Фото: Инстаграм/Александра Пријовиќ

Ме разведоа веќе неколку пати: Александра Пријовиќ ја откри вистината за својот однос со Филип