Колку долго руската салата смее да стои во фрижидер: Не ја правете оваа грешка
Руската салата е кралица на секоја празнична трпеза, бидејќи лесно се подготвува, заситува, а состојките не се скапи. Но, сите знаеме како е кога веќе „трет ден“ јадеме руска салата со малку месо, или на парче леб... Обично правиме премногу, па руската салата ја имаме во фрижидер со денови.
Мора да бидете внимателни бидејќи оваа салата има релативно краток рок на траење. Поради мајонезот, варените компири и месото што ги користиме - некои ја рават и со шунка, некои со пилешко, а има посна руска салата - сепак постои можност да се расипе.
Колку долго смее да стои руската салата? Како прво, не ја оставајте надвор откако сите ќе се послужат, секогаш вратете ја во фрижидер. Многу луѓе грешат и го покриваат садот со руска само со фолија, што значи дека во тој сад можат да влезат микроорганизми од друга храна во фрижидерот.
Руската салата секогаш треба да се чува во фрижидер во сад кој добро е затворен, за да не може да навлезат воздух и микроорганизми. Ќе прочитате некаде дека рокот на траење е пет дена, но ве советуваме да ја чувате на температура од околу 4 Целзиусови степени и да ја изедете во рок од три дена, за да биде целосно безбедни.
Извор: www.espreso.co.rs