Колку е згодна сестрата на Рада Манојловиќ: Припиен фустан и деколте за сите погледи
Нова менаџерка на пејачката Рада Манојловиќ е нејзината сестра Марија Манојловиќ...
Марија претходно не се експонираше јавно, додека не стана менаџер на нејзината сестра, со која патува на сите настапи и е нејзин најголем поддржувач.
Марија по професија е шминкерка, а со години ја подготвува својата сестра за разни настани, настапи и телевизиски појавувања.
Сестрата на Рада објави видео во фустан во кој го истакна своето деколте, се врти и пее на песната „Мушкарчина“ на Цеца и Војаж, а во видеото се појави и нејзината сестра.
Инаку, Рада Манојловиќ долги години е на самиот врв на музичката сцена, а сега реши да направи промени во кариерата.
Рада неодамна решила да соработува со роднините, па за менаџер ја вработила својата сестра Марија Манојловиќ. Таа наводно веќе и закажала 20 настапи на својата сестра, па пејачката ќе заработи дури 160.000 евра.
- Марија не ми е само сестра, таа ми е и најдобра пријателка, рамо за плачење, а сега и мој менаџер! Таа исто така ме шминка и ме советува што да облечам за настап. Марија е единствената личност за која сум сигурна дека нема да внимава на сопствените интереси. Таа искрено ме сака и покажа колку и е важна мојата кариера. Сега го имам најубавиот и најдобриот менаџер, кој ме принудува што поскоро да објавувам нови песни, бидејќи навистина имам многу од нив во моите фиоки - изјави пејачката.
Фото: Инстаграм
Извор: Blic.rs