КОЛКУ ИМ ЗНАЧИТЕ: Еве на што се подготвени вашите љубовни партнери според хороскопот

Добивај вести на Viber

Дали некогаш сте се запрашале на што е подготвен вашиот партнер, за да ве направи среќни? Тоа прашање може да ви го одговори хороскопот. Еве што открива:

Овен
За личноста за која се заинтересирани, Овните се во состојба сè да направат и не одбираат средства со кои ќе го постигнат тоа. Ако сте маж, вашите напори вообичаено се успешни, бидејќи сте упорни и духовити. Ако сте жена, не се плашете сред ноќ да заѕвоните на вратата на партнерот и да го изненадите.


Бик
Нема што не би направиле за партнерот, бидејќи Биковите никогаш не се откажуваат. Букети со цвеќе, бонбониери, карти за омилената претстава, романтични стихови... тоа е само дел од репертоарот на работи со кои мажот Бик ќе се потруди да ја импресионира партнерката. Ако сте жена, вашата вродена женственост и заводнички способности ви се главни адути со кои ја освојувате саканата личност.


Близнаци
Близнаците ја користат секоја можност за да биде во допир со личноста која им се допаѓа. Ѝ пишуваат пораки, планираат романтични излети, вечери под отворено небо... Подготвени се дури и да се дружат со роднините, пријателите и колегите на саканата личност, само за да откријат некаков податок и да ја освојат личноста која ја сакаат.


Рак
Длабоките емоции навираат толку силно што Раковите пред партнерот ги отвораат и своето срце и вратата од својот дом. Вашите упорност и пожртвуваност ви помагаат да ја откриете личноста која се крие зад повлечениот и полн со стравови емотивец. Личноста во која сте заљубени може секогаш да смета на вас, бидејќи кога и да има проблеми, тука сте вие за неа - во добро и зло.


Лав
Вашата великодушна душа ве прави вистински витез кога е во прашање личноста која ја сакате, а за неа сте подготвени да го превртите и целиот свет. Ако сте жена, шармирате со вродената харизма, а за личноста сте подготвени да направите сè што би направиле и за себе. Лично се ангажирате и ќе ги искористите сите можни средства за да ја направите среќна личноста која ја сакате.


Девица
Заради личноста која ја сакате, подготвени сте на големи дела, бидејќи вие сте личност која љубовта ја докажува не со зборови, туку со дела. Затоа, вие сте повеќе практични, отколку романтични, за да му докажете на партнерот дека нема потреба да се плаши и грижи за било какви проблеми. Покрај вас, личноста која ја сакате никогаш нема да имате чувство како нешто да ѝ должите на Девицата, бидејќи таа ќе ви покаже дека тоа го заслужувате.


Вага
Вие сте подготвени, во име на љубовта, да ѝ кажете збогум на гордоста, бидејќи вам не ви вреди достоинството, ако покрај себе ја немате саканата личност. За среќа, вашите вродени дипломатски способности ќе ве спасат од потенцијалните понижувања, а вие ќе ѝ докажете на личноста која ја сакате дека сте подготвени да направите сè за да ја направите среќна. А, подготвени сте и на солзи и на жртви, посебно ако настанат недоразбирања.


Шкорпија
Вие можете и умеете сè да направите, посебно за личноста која ја сакате со сето срце и сета душа и не ви е важно дали партнерот тоа ви го возвраќа со иста мера, бидејќи според вас, љубовта не се мери. Или постои или не постои - средина нема, па не тактизирате, туку подготвени сте да направите сè за саканата личност да биде задоволна. Подготвени сте дури и вродената потреба за дипломатија да ја ставите во втор план. 


Стрелец
Иако на прв поглед не делува така, вие сте подготвени да се откажете од многу работи, доколку е  потребно на партнерот да му ја покажете својата љубов. Кога личноста која ја сакате има проблеми, подготвени сте молскавично да реагирате за да ѝ помогнете. Никогаш не зборувате однапред, ама секогаш наоѓате одлично решение како да ѝ помогнете.


Јарец
Многумина вас ве доживуваат како воздржана личност која е скржава со емоциите, но тоа всушност е една голема лага. Доколку личноста која ја сакате има некаков проблем или евентуално, има некаква потреба, подготвени сте да се распространите како тепих само за да ја задоволите личноста која ви се допаѓа. Повеќе работите, отколку што зборувате за решавањето на проблемите, а за возврат, не очекувате благодарност.


Водолија
Поупорни сте и потврдоглави отколку што некој би можел да помисли, па за саканата личност подготвени сте да отпатувате и до крајот на светот. Ако вие сте ги предизвикале проблемите во врската, никогаш нема да се откажете од борбата да ја вратите наклоноста на партнерот. Иако сте суетни, таа особина ја потиснувате, бидејќи поважна ви е среќата на саканата личност.


Риби
Рибите се мајстори да направат конфузија од својот емотивен живот, но подеднакво се подготвени и да го вратат балансот во врската. Тајната е во тоа што Рибите го прават тоа ненаметливо, упорно, без откажување и подготвени се да бидат покрај саканата личност деноноќно. Тогаш кога мислите дека дошол крајот, магично успевате да пронајдете излез од тунелот, иако не ви е јасно како.