КОЛКУ ОД НАСЕЛЕНИЕТО ВО МАКЕДОНИЈА ИМА ИМУНИТЕТ НА КОРОНА ВИРУСОТ: Почнува скрининг-тестирање за Ковид-19 за процена на имунитетот
Од денеска во Скопје почнува серолошката анализа на населението која треба да покаже колку од луѓето имаат некаков имунитет на корона вирусот. Тестирањето ќе се спроведе на случаен примерок од 1.000 граѓани во главниот град, но според здравствените власти, скрининг тестирањата може да се реализираат и во останатите градови во Македонија.
Ваквата постапка, според претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски ќе биде од голема полза на Комисијата во насока на планирање на следните активности, односно идните мерки кои би ги препорачувале и би ги носеле.
Според минатонеделната изјава на д-р Петличковски, претходната серолошка анализа која исто така беше направена за да се провери процентот на граѓаните кои имаат некаков имунитет на Ковид-19, покажала дека околу 30 отсто од тестираните граѓани биле серопозитивни, односно имале некаков имунитет, кој се должел исклучиво на прележаната болест.
Детали читајте на ФАКТОР ТУКА.