Колку постара, толку подобро изгледа: Актерката ја открива тајната за бомбастичен изглед!

Добивај вести на Viber

Фасцинантната актерка Хали Бери блеска во полн сјај и во својата 51 година.

Припадничките на женската популација уште еднаш се прашаа како е можно во овој период од животот оваа жена да изгледа толку добро.


По кој знае кој пат, Хали го повторува истото - за нејзината фантастична фигура во 51 година е заслужна здравата исхрана и редовно вежбање.

„Јадам четири пати дневно. Тие оброци се состојат од свеж зеленчук, пилешко и риба. Црвеното месо го сведов на минимум, и строго внимавам во текот на денот да испијам доволно течност“, рекла убавицата во едно интервју.