Колку сме ја негувале кожата во младоста, толку таа подоцна ќе врати: Интервју со д-р Горица Дачевска, специјалист по дерматовенерологија
Интервју со д-р Горица Дачевска, специјалист по дерматовенерологија и генерален менаџер на ПЗУ „Др. Горица Ласер центар“
Во пресрет на потоплите и сончеви денови разговараме со др. спец. дерматоверенолог
Горица Дачевска која откри како најдобро да ја заштитиме кожата од сонцето и штетните
влијанија.
„Кожата е најголемиот, но и највидлив орган на човечкото тело и секако дека првата препорака ми е правилен третман на кожата. Негата на кожата треба да ја одреди дерматолог кој по направен преглед ќе даде препораки. Сите ние се разликуваме по бојата и типот на кожата. Генералната препорака ми е да пиете многу вода, зошто водата влијае на еластичноста на кожата, потоа темелно чистење на лицето, соодветен гел за капење (согласно типот на кожа) како и соодветен крем за телото. Немојте да користите алкохолни спрејчиња, гелови и агресивни сапуни за дезинфекција на рацете зошто многу ја уништуваат кожата, редовно по миењето да ставите лесен заштитен крем. Кога сте изложени на сонце задолжително да се користи заштитен фактор“, вели др. Дачевска која вооедно е и генерален менаџер на ПЗУ Др. Горица Ласер центар.
Таа во оваа нејзино прво интервју за Женски магазин зборува и за третманите кои ги нуди ординацијата, за пациентите, за себе, семејството и за правилната нега на кожата.
* Кои третмани ги нуди вашата ординација ПЗУ „Д-р. Горица Ласер центар“?
Во Д-р.Горица Ласер центар ги нудиме сите услуги. Ќе започнам со дерматовенеролошките прегледи и третмани па се до третманите за лице, хидрадермијата, микродермоабразија, ПРП третманот, АПИ скенер на кожата, високо-квалитетни Филери, Ботокс, Мезоконци како и Ласерска епилација со најдобриот Ласер на Балканот на Кандела Џентл Ласер Про со веднаш видливи резултати.
* Кои се најчестите дерматолошки проблеми за кои ви се обраќаат, односно за кои бараат помош пациентите?
- Од опаѓање на косата, флеки и разни кожни промени, папиломи, кондиломи на интимата, акни, проблематична и себореична кожа, вирусни влакна, во лето се убодите од инсекти и сл. Тука се и естетските третмани, третманите на лице, добро познатиот ПРП третман кој кај нас долго време го практикуваме и дава веднаш видиви резултати на кожата бидејки се работи со крвна плазма од самиот пациент. Се радувам што пациентите се презадоволни од третманиот со ласерот за епилација, веќе по првиот третман се воочува разликата со само неколку третмани пациентите целосно го решаваат проблемот со влакната по телото. Ги охрабрувам и мажите и жените да се уверат во ефикасноста на Ласерот кој е единствен во Македонија и го има во мојата ординација!
* Кога започна пандемијата со ковид се затворија (не работеа неколку недели) голем број на фирми и компании кои нудат услиги, но лекарите останаа да се борат со болеста и непознатиот пријател во првите борбени редови. Како успеавте да го заштите здравјето на вашите вработени?
- Генерално се придржувавме на препораките на СЗО и нашето Министревство за здравство. На почетокот работевме со многу страв зошто беше непознат вирусот, па носевме целосни заштитни скафандери, хируршка маска, визир, 2 пара ракавици, со отворени прозорци, детална дезинфекција и провев по секој пациент и сл. Работевме со страв и со желба да им се помогне на луѓето. Знаете како, кога започна короната луѓето освен ако е нешто сериозно не одеа да посетат доктор, ние бевме тука за секој што побара помош. Имаше и некои пациенти кои ги посетував и дома. Тој страв се надмина иако пандемијата е се‘ уште присутна, ние секако се‘ уште се водиме според препораките дадени од СЗО и нашето министерство на тој начин се штитиме и себе си и пациентите.
Не постои пишано правило дека скапите производи се подобри. Праксата покажала дека и најевтинот лек или крем може да помогне на одреден тип на кожа, но и скапа крема може да ѝ помогне на кожата
* Во блиска иднина планирате ли проширување на ординацијата ПЗУ „Др. Горица Ласер центар“?
- Интересно е што започнав со ординација која нуди дерматовенеролошки услуги и третмани на лице и од година на година додавав нови услуги, третмани, апарати и еве последно е врвниот Ласер за епилација. Не сакам повеќе да се расплинувам, знаете како, и во мојата бранша има постојано некои новитети, нови напредни технологии и со задоволство ги прифаќам, инвестирам во сопственото и во знаењето на мојот тим па затоа сме често на некои врвни семинари и обуки. Се што сметам дека би било од голема корист за клиентите ќе се воведе како новитет.
* Пред нас се потоплите денови, што би им советувале на дамите, без што да не излегуваат од дома?
- Без шише вода да не излегуваат од дома, потоа шапка, очила за сонце, кожата претходно да биде намачкана со заштитен крем со SPF фактор, да се носи лесна облека (претпочитам да се носат природни материјали), кога е топло често туширање и препорачувам да се користат органски производи.
* Колку е вистина дека скапите креми се подобри од поевтините?
-Не постои пишано правило дека скапите производи се подобри. Мојата пракса досега покажала дека и најевтинот лек или крем може да помогне на одреден тип на кожа, но и дека доста скапа крема може да и помогне на кожата. Одредени компании кои продавааат специјална органска линија за нега на кожата, самиот бренд и технологијата ја диктираат високата цена.
* Од која возраст треба веќе да се прават прегледи на кожата. Превентивно или евентуално за да се види типот на кожата да знаат какви креми да користат?
- Не постои возраст од која треба да се прават прегледи на кожата. Јас имам и многу мали пациенти, бебиња па се до лица кои се навлезени во длабока старост. Секако дека генералната препорака ќе биде да ја негуваат својата кожа и многу често знам да кажам колку сме ја негувале во младоста така таа подоцна ќе врати. Како што имате свој општ доктор, стоматолог, така треба да имате и свој дерматолог кој ќе се грижи и кој ќе ја познава вашата кожа. Често треба да се прават самопрегледи и секоја промена која ќе ја уочите ќе треба да му ја посочите на докторот. Понекогаш и едно црвенило, осип знае да се занемари и да се лекува кога е во тешка фаза. Следете ги израстоците на кожата, бенките и нивната боја и форма. Не ги горете израстоците кај нестручни лица. Ме прашавте за типот на кожата и користењето на кремите. Препорачано е еднаш во годината да се направи преглед. Типот на кожата може да се одреди, но секако ќе треба да се провери и квалиетот на кожата, дали препорачанот крем ги задоволува потребите на кожата, дали на кожата и треба промена со нов крем зошто е презаситена од претходните креми. Во пубертетот кожата има еден изглед, потоа во зрелата доба друг. Надворешните влијанија секако дека имаат голем удел во квалитетот на кожата, затоа и велам еднаш во годината на контрола е сосема доволно.
Др. Горица откри дека отсекогаш ја сакала медицината, уште како мала им се восхитувала на лицата во белите мантили, како девојче често си играла докторка, ги обожавала филмовите и сериите со лекари и затоа се запишала на медицина.
„По завршувањето работев како општ доктор, а потоа специјализирав за Дератовенерологија зошто отсекогаш ме привлекувала оваа област. Ја одбрав вистинската специјализација зошто искрено уживам во својата работа, во следењето на сите новитети кои се случуваат во мојата област и со голема радост и желба за да им помагам на луѓето доаѓам на работа. Естетскиот дел беше уште еден убав предизвик за мене“, искрена е докторката.
Дачевска е мајка на две деца, Бојан и Никола. Бојан има 17 години, а Никола е студент на престижниот Шефилд Универзитет во Солун.
* Која е д-р Горица надвор од работното место, како поминувате еден ден и што правите во слободно време?
- Секој ден ми е различен но секако почнува и завршува со Бафи (нашиот миленик куче од расата Бишон), бара внимание, прошетки и многу се радува кога ќе дојдам дома. Синовите ми се големи момци кои си имаат свој живот така што комуникацијата со нив ми се сведува преку пораки, телефонски разговори и кратки средби по дома. Всушност средбите по дома се со Никола кој има 17 години и живее со нас, додека неговиот брат Бојан е на студии на престижниот Шефилд Универзитет во Солун, со него се гледаме кога ќе дојде дома или кога ние ќе го посетиме. Со Глигор (сопругот) си организираме ручек или вечера, прошетки или средби со пријатели согласно обврските кои ги имаме. Спортувам, играм тенис и вежбам Крос Фит. Секој ден ми е различен но верувајте ми почнува и ми завршува со голема насмевка која Бафи знае да ја измами од мене и кога сум најуморна.
* Како балансирате меѓу деловниот и приватниот живот?
- Секогаш треба да постои баланс. Си ја сакам работата, како што кажав, уживам во својата професија но секогаш наоѓам време за себе, семејството, спортување, прошетки, патувања и сл. Животот ни се движи во онаа насока по која ќе го дадеме самите правецот на движење. Знаете често ми се случува и кога ќе дојдам дома да зборувам со пациенти, ми се случува да ми пуштаат слики по телефон да дадам мислење, имам пациенти кои треба дома да ги посетам, имам пациенти кои претпочитаат приватност и договараме термин кога нема никој во ординација но и покрај се‘ наоѓам време за себе, семејството, луѓето кои ми значат и за Бафи секако. (н.з. се смее)
*Како би го дефинирале вашиот стил и во што најдобро се чувствувате?
- Најдобро и најкорисно се чувствувам во работната униформа, кога ќе видите таа најдого ја носам во текот на денот. Јас сум повеќе спортски тип и преку денот преферирам фармерка со некоја кошула, интереса блуза, некогаш сето го комбинирам со сако и со патки (среќа модата ми е погодена). Но во плакарот имам голем избор на костими, фустани, чевли со високи потпетици и секако согласно пригодата и активностите ја одбирам облеката која ја носам. Сакам чисти, и светли бои и она што го носам на себе да биде добро испеглано и да се чувствувам пријатно.
*Времето е луксуз, а како тој луксуз си го дозволувате вие? Што правите кога не сте на работа?
- Времето не е луксуз ако научиме да си го цениме сопственото време. Русо рекол: „Разумното користење на времето го прави уште поскапоцено“. Времето поминато со оние кои го заслужуваат моето време е нешто што нема цена, бидејки имам многу работни обврски и верувајте многу ми е битно остатокот од времето со кого и како ќе го поминам. Погоре веќе споменав голем дел од моите активности, секогаш наоѓам време за добра книга, за стручна литература, (тоа ме опушта), за да одиме во кино или театар со сопругот, за интимна вечера, за домашно кино со пуканки и семејството, за средба со пријателките, за патувања во странство.
* Каде и како се гледате себе си за десет години од сега?
- Минатото не можам да го вратам, а кога би можела би направила некои работи за луѓето кои не се покрај мене. Затоа сега, сето слободно време го насочувам кон оние луѓе кои се вредни во моите очи и мојот живот. Јас сум авантурист по природа па секогаш имам простор за нови пријатества. Но секогаш инвестирам во себе, семејството, во нови знаења, во медицината и слично и силно верувам дека се добра инестиција за иднината.
Наталија Миланова