Колумна за мажите

Добивај вести на Viber

Зошто варате? (сериозно ми фали визуал овде да ми го видите ликот кога ви го поставувам прашањето) Зошто решавате да освоите срце на некоја девојка која ги исполнува вашите или критериумите на вашата мајка, еве небитно, и потоа се решавате истото тоа срце да го искорнете, прегазите и претворите во прашина?

Ајде да сме на чисто, ме варале, сум варала за да вратам. Се додека не сфатив дека пак мене ме боли повеќе од него, џабе му ја враќам сета негативна енергија. А да, далеку сум од светица, и те како знам што сакам, и убедена сум дека за да го добиеш тоа што го сакаш, мора да даваш шанса.

Значи јас не сум репер, знам со мажите, од секогаш сум знаела како. Ми го скршиле и на мене срцето, заради друга, и во тој момент за мене било најстрашното нешто на светот. Се додека не ми се случи реалниот живот и не увидов дека најневажна е таа болка.

Ама за мене.

Но, има девојки, жени, кои љубат поинаку. Има девојки на кои вашата љубов им е се на светот. Зошто бе момци, додека сте со тие девојки, додека им ветувате заеднички живот, брда и планини, напоредно се допишувате, гледате, и се останато со девојки како мене. Ги лажете двете страни паралелно, на едната и ветувате вечност, на другата  верност. Дали момци мои сте свесни, колку брзо работи карма и колку ќе ве сотре кога најмалку очекувате?

Мајка ми вели, тешки се солзите на една жена, доаѓаат со цена. Не сте ни свесни колкава е таа вистина. Има некое страшно изместување од лежиште, се случи судир на титаните, судир на традиционални вредности со современи сфаќања, па се измастивме од лежиште, но не е без последици.

Се повеќе запознавам случаи на љубовни партнерства колку да се случат, се повеќе знам врски кои постојат за да фигурираат пред општеството, а секој сам за себе тлее во нездрава околина на гнев и фрустрација.

Каде ви е храброста да љубите до крај? Иако сме ние жените вратот, нам сепак ни требаат одлучни мажи, кои ќе ни помогнат да бидеме здрава потпора на едно современо семејство со традиционални вредности. Се додека испитувате маалско педигре за девојката која ја посакувате, се додека верувате дека сите жени се исти, се додека немате почит кон спротивниот пол, се до тогаш ќе владее инста шема на на ти го дај ми го. И не не мора да си и втор, и не не е грев ако искочи со другарки и заглави до сабајле. Најголемата моја љубов еднаш ми кажа, не е важно со кого ќе одиш и колку ќе заглавиш, важно е дека ќе ми се вратиш на мене дома. А на крајот на денот, па и да ве повреди, зошто мислите дека секоја следна ќе го стори тоа истото. Зошто секоја следна девојка ја казнувате за грешките на предходната. Со повредите се расте момци, се станува посилен, лузните се тука да не потсетат за нашите грешки, но не и за да не претворат во неемотивни чудовишта.

Внимателно со женските срца, не сте свесни која е количината на Љубов во секоја од нас. Не е фер да не држите на конци, и не е фер да не доведувате во ситуации ние да размислуваме како да ве уплеткуваме во шеми и комбинации. На крајот од денот, секоја жена сака заштита, силна прегратка во која ќе се почувствува како никој на светов не и може ништо, иако е свесна дека сама може се. Секоја жена знае да сака, нам ни е дадено генетски, прво ти па после јас, не може поинаку мајки сме. Во оној момент кога ќе поверувате вистински во ова, ќе се престане стравот. И во тој момент ќе може да ја видите вистинската вредност на личноста покрај вас, работата која една врска ја бара од двајцата. И само тогаш ќе можете да ја запознаете магијата на безусловна љубов. Вистинска, доволна само помеѓу вас двајца, во однос каде еден со друг ќе се надоградувате, секој ден ќе се менувате на подобро и ништо на светот нема да ви е тешко, бидејќи сте двајца.

Јас сум Ивана Кнез, ај не го тупете веќе со детски муабети и слики по социјални медиуми. Општеството ни е болно, потребна му е наша помош, потребна му е многу Љубов, за да може да заздрави. И уште многу работа од наша страна за комплетно да се излечи.

Се читаме следната недела.


П.С. Ај малку чичко Google на најјако. Што е безусловна Љубов, и кои се последиците од истата. Што значи свесност на постоење и правилно живеење на даден момент, во даден временски период. Од себе почнува промената што сакаш да ја видиш во другите, клин се клином избија нели, па така убавото само на убаво се лепи.

Љубов со Љубов се привлекува.