Концерти и работилници за бебиња и деца

Интерактивни, забавни и едукативни концерти и работилници за бебиња и деца до 6 години.

На репертоар се одбрани дела од класичната музика и детската литература кои ќе бидат изведени во живо на различни инструменти.

Се повикуваат сите мајки и татковци, баби и дедовци, своите дечиња да ги донесат во просториите на Интернационалната градинка Пиколини која ќе биде своевидна музичка арена каде децата ќе се забавуваат и ќе уживаат во убава музика.

На овој начин преку игра, музичкото училиште Пијано Арт  во соработка со детската градинка Пиколини и Пијано Центар, овозможуваат едукација на децата за основите на класичната музика. Ваквите концерти се најбарани и најпопуларни помеѓу децата.

Влез: 200 ден.

Времетраење:40 минути концерт и 20 минути работилница

Да подготвите: отворен ум и чисто срце

Соработници: музичко училиште Пијано Арт,Пијано Центар и детска градинка Пиколини