Култура // Настани
Концертот на Брајан Фери распродаден
Концертот на англискиот пејач и композитор Брајан Фери во Скопје е целосно распродаден, информираа од „Авалон продукција“.
Концертот ќе се одржи во недела, на 9 септември од 20 часот, во Македонската Филхармонија.
Брајан Фери во Скопје доаѓа со екипа од 12 музичари , и ќе изведе хитовите на „Рокси мјузик“ (Avalon, Slave To Love, Don’t Stop The Dance, Jealous guy), како и песните од последниот албум Avonmore.