Конечно планетата ќе здивне од нас луѓето: Андријана Јаневска ужива во домашна изолација со семејството

Добивај вести на Viber

Пејачката, виолинистка и професор на ФМУ Андријана Јаневска, во овие моменти на домашна изолација ужива во друштво на своето семејство, сопруот Гино и синовите Димитар и Кристијан. Таа за Женски Магазин откри како се справуваат со ситуацијата со коронавирусот.

* Како се снаоѓате во овој период на изолација во домот, што правите со децата, предлог игри за недосадни денови? 

- Кога има сончеви денови, претежно сме во двор. Децата играат со топка, се лулаат лулашката во дворот или играат некои нивни игри. Со сопругот ги користиме сончевите денови за скара или го средуваме дворот. Дома со децата играме друштвени игри како карти, Не лути се човече или шах, а навечер готвиме вечера. 

Идеја за украс од тесто

* Дали како професорка одржувате и поддржувате онлајн настава со вашите ученици? 

- Со постариот син редовно учиме за на училиште, а со помалиот работиме активности предложени од градинката. Со студентите на ФМУ имам онлајн часови, а паралелно работам на проекти во студиото кое се наоѓа во нашата куќа. 

„Не се плашам од вирусот, ме чуваат моите супер херои“- синовите на Андријана за Априлилили

* Дали сте исплашени од ситуацијата со коронавирусот?

- Отсекогаш сум била оптимист, па така и сега, гледам од позитивната страна на ситуацијата: повеќе време за семејството и домот, повеќе одмор, помалку стресови на работа. 

Уште една идеја за мајките со мали деца, чадорче и облаче на тема: "Дожд и снег". Потребно: памук, волница, хартиена чинија, цевче, сина хартија, лепило и желба


* Вашата сестра е мажена во Италија. Како е ситуацијата таму, по фактот дека тоа е најзагрозената држава со коронавирус во светот?

- Се слушаме секој ден. Таа живее во Милано, но е во изолација уште 20 дена пред нашиот карантин овде. Така што кај неа е сè во ред.

* Еден апел до граѓаните.

- Мора да бидеме одговорни и да не излегуваме од дома, а кога мораме да излеземе, задолжително да носиме заштитна маска и ракавици. Пораката е дека во ова невреме конечно планетата ќе здивне од нас луѓето. Природата веќе се буди. Време е да научиме дека само во допир со природата ќе бидеме подобри луѓе, за себеси и за сите околу нас. Време е да научиме дека не сме семоќни. Овој невидлив противник ни го покажа тоа.

Д.Караташова