Конкурс на Женски Магазин и Avon: Раскажи ја својата лична приказна и освоj подарок

Твојата животна нишка раскажува приказна ...уникатна и волшебна ... Токму каква што е приказната на секоја жена.
„Успеав! Го победив ракот на дојка по три екстремно тешки години! Сега потполно уживам во животот како победник во борбата со ракот. Основав фондација која им помага на луѓето кои поминуваат низ слични искуства. Секогаш се соочував со тешките моменти со насмевка и нашминкано лице. Сега сакам да блескам и да им го пренесам сјајот на другите.“
- Ана, 46 години
Секоја жена со себе носи поинаква, посебна приказна... приказна исполнета со подеми и падови, со мигови на неизмерна среќа, но и на бескрајна болка... моменти кои го одбележуваат животниот пат и ѝ даваат посебен тек на таа приказна.
Која е твојата приказна?
Биди доволно храбра, најди ги вистинските зборови, раскажи ја пред целиот свет.
Бараме три животни приказни кои ќе не расплачат и насмеат, кои нема да не остават рамнодушни, приказни во кои ќе се пронајдеме, приказни од кои ќе се инспирираме.
Приказните може да ги испратите на contact@zenskimagazin.mk. Конкурсот трае до 8-ми Март, Денот на жената. Најдобрите три ќе добијат вреден сет од парфемот „Her Story“.
Мала помош:
* Опиши се со неколку зборови.
* Најважна случка која го одбележа твојот живот.
* Што е твоја мотивација која те води низ животот?
* Што те мотивира?
* Што те направи среќна или тажна денес?
„Кои луѓе се мојата инспирација? Дефинитивно мајка ми и баба ми. Им се восхитувам поради нивната мудрост. Тие ми даваат сила во животот и поттик да не се откажувам од соништата и плановите. Многу сум им благодарна. Тие се моето богатство.“
- Ева, 41 година
* Парфемот „Her Story“ е посветен токму на животната приказна на секоја жена во светот, и е совршено потсетување за борбата за добросостојба на жените која е лајтмотив на „AVON“ како компанија. Велат дека парфемот не може да го смени светот, но жената која го носи и тоа како може. „Her Story“ инспириран од приказните на минатото, сегашноста и иднината.
„По 36 години една сообраќајна несреќа, неверојатен оптимизам, конечно научив да се сакам себеси. Губењето на стапалото ме научи да уживам во секој миг од животот. Денес спортувам, имам здрави животни навики и се грижам за физичкото и менталното здравје. Денес успешно водам сопствен бизнис. Денес го израдував сопругот со неговото омилено јадење. Денес со часови си играв со мојот син. Денес сум среќна.“ - Стела Бизду, мајка, модел, креатор на содржина
Испишуваме приказни кои ја обликуваат нашата лична историја.
Секоја жена има своја приказна. Секоја приказна е инспирација.