Контроверзниот руски др. Шишонин смислил техника за лекување на висок притисок: Лекови нема, се прави во секое време и секаде, а тврди дека помага во 95% од случаите (ВИДЕО)
Рускиот лекар Александар Шишонин е познат како контроверзен
лекар бидејќи им помага на пациентите со совети и препораки кои не секогаш
вклучуваат лекови, па така стана познат неговиот методот за лекување хипертензија, односно висок крвен
притисок.
Шишонин има и свој YouTube канал на кој редовно зборува за разни медицински проблеми, а овој млад лекар е миленик на народот поради тоа што дава конкретни совети. Меѓу другото, на проблемот со хипертензијата му пристапува на сосема нов, револуционерен начин, дури смислил техника за намалување на притисокот, а тврди дека високиот притисок во повеќето случаи не се лечи со апчиња, туку со специфични вежби за вратот!
„Денес да зборуваме за главниот убиец - хипертензијата. 26% од населението страда од хипертензија. Со оглед на тоа дека болеста е поврзана со стареењето, се покажа дека кај возрасните и постарите речиси сите страдаат од хипертензија. Ова е најчеста и потценета болест од пациентите. Опасна е хипертензијата која не може секогаш да се почувствува. Се случува 30-годишен маж да се жали на болки во долниот дел на грбот. Мерам притисок кога е 180 со 90! Тоа е ова подмолна хипертензија: човек живее, живее и потоа танцува - умира“, рече еднаш, а пренесува сајтот „Econet.ru“.
Др. Шишонин развил таконаречена гимнастика-вежби за врат кои се препорачуваат за луѓе од различна возраст и не можат да бидат штетни доколку се изведуваат како што препорачува лекарот.
Овој руски стручњак истакнува дека ова е особено добро за луѓето кои вршат работа која вклучува седење, бидејќи недостатокот на активност може да ја оштети циркулацијата на крвта и да предизвика хипертензија.
Тој заклучил дека причината за повеќето болести е всушност поврзана со нарушувања на циркулацијата. Кога снабдувањето со крв до органите е на соодветно ниво, сите системи и органи се снабдуваат со потребната количина на кислород, хранливи материи и функционираат правилно. Но, тензијата на мускулите на вратот, тврди тој, може да доведе до прекини во снабдувањето со крв на мозокот, што резултира со главоболки, мигрена и хипертензија. Затоа неговите вежби се создадени за да ги опуштат мускулите на вратот, а тоа гарантира враќање на нормалниот проток на крв и исчезнување на проблемот.
Покрај хипертензијата, ова, вели д-р Шишонин, може да помогне и при проблеми со меморијата и концентрацијата, вртоглавица, напади на мигрена, нарушувања на спиењето (несоница или дневна поспаност) ...
Главниот сет на вежби може да се изведе лесно и буквално секаде - дури и на работа, а за тоа ви требаат само 15 минути. Секоја од препорачаните вежби треба да се повторува 5 пати лево-десно, а првите две недели да се прават секој ден. После тоа, доволно е да ги правите 2 или 3 пати неделно. Вежбите можете да ги погледнете во приложеното видео.
Фото: clinic_dr.shishonin/Instagram
Видео: Youtube