Короната уште е меѓу нас: Доктор Тиодоровиќ откри што нѐ чека во зима, ова направете го месецов
Статистиката за корона од ден на ден покажува дека короната е тука, но и дека младите и здравите се поотпорни на корона
Корона вирусот сега е како настинка и генерално произведува благи симптоми или тие се целосно отсутни, но само кај здрави и помлади луѓе. Постарите луѓе сè уште можат да бидат изложени на ризик. Она со што сега се соочуваме е грипот, а апелот на лекарите е оние кои се во ризик, без разлика на возраста, навреме да се вакцинираат и да бидат подготвени за зимата.
Сегашната епидемиолошка состојба е сè уште неповолна, иако луѓето едвај чекаат да помине сето ова, иако размислуваат за други егзистенцијални работи кои се секако важни, се забележува дека се помалку внимание се посветува на КОВИД, а тоа не треба да биде така. Корона сѐ уште е присутна. Доаѓа зима, а ќе има и грип, затоа треба да бидеме внимателни и да се подготвиме на најдобар можен начин, односно да се вакцинираме, вели Проф.д-р Бранислав Тиодоровиќ, епидемиолог и член на Кризниот штаб за борба против инфекцијата Ковид-19 за српски Блиц.
Статистиката на корона од ден на ден покажува дека короната ја има, младите и здравите се поотпорни на корона бидејќи поминува со благи симптоми, а од друга страна сѐ уште има такви кои се најтешко лекувани, а за жал неколку од нив умираат секојдневно. Повеќе на Фактор.мк
Фото: Youtube- Udarne Vesti Balkana - screenshoot