Коронавирус вакцинација: Што ако сте алергични на пеницилин или имате висок притисок?

Добивај вести на Viber

Оние кои сакаат да се вакцинираат не мора да направат PCR-тест, но доколку се заразени со вирусот, вакцината нема да им помогне.

Со првите апликации за вакцинација против вирусот ковид-19, интересот на граѓаните во соседна Србија е зголемен за имунизација. Сепак, за многумина се уште се нејасни одредени прашања, како на пример дали вакцината работи доколку ја прими заразено лице, како и која е најдобра за хронични пациенти. Имунологот д-р Срѓа Јанковиќ даде одговори на сите овие и други бројни прашања.

Д-р Јанковиќ изјави дека нема докази дека една вакцина против коронавирус е подобра од друга и истакна дека сeкоја вакцина против ковид-19 е безбедна. Како што рече, оние кои сакаат да примат вакцина не мора да направат PCR-тест, но доколку се заразени со вирусот, вакцината нема да им помогне и нема да го зголеми имунолошкиот одговор на време, но нема ниту да одмогне.

„Тоа лице ќе се разболи од ковид-19, иако е вакцинирано, но само затоа што не е доволно имунизирано. Потребни се три недели за да работи вакцината, но нема ризик или опасност. „Ништо од вакцината нема да му се случи, освен што сè уште нема да може да помогне“, објасни Јанковиќ.

Што е со хронично болните?

Д-р Јанковиќ се вакцинира со вакцината „Фајзер“, иако, како што вели, има висок крвен притисок и астма.

„Значи, не плашете се, хронична болест не е автоматска контраиндикација, дека нема да можете да ја примате вакцината. Ја примив првата вакцина што ми беше достапна мене и на колегите. Во моментов немаме докази дека една вакцина е подобра од друга, секоја од нив штити и значително помага, а граѓаните ќе изберат во границите на достапност, но како имунолог можам само да кажам – секоај вакцина против ковид-19 работи, нема подобра или полоша “, истакна имунологот.

Што е со алергијата на пеницилин?

Тој исто така изјави дека лекарот треба да процени дали некој може или не може да прими вакцина врз основа на хроничното заболување на пациентот.

„Повеќето кои се вакцинирани нема да имаат контраиндикации, бидејќи вакцините не се во живо и немаат широк спектар на ограничувања за хронични болести. „Некои лекови се сто пати поопасни од вакцината“, тврди тој.

Како што вели, оние кои се алергични само на пеницилин, нема од што да се плашат, бидејќи пеницилинот не е компонента на вакцината. 


Фото: Screenshoot/RTS Sajt

Можеби ќе ве интересира:

Кои деца не смеат да ја примат вакцина Фајзер: Доктор Јанковиќ објасни