Моден фокус // Трендови
Коса скоро до колена: Елена Ристеска во едно од најмоќните изданија до сега
- На овој ден 22- ри декември пред 21 година победив на аудициите на М2 продукција и така започна мојата музичка кариера. Барем уште 21 година да работам, после тоа ќе се повлечам скромно на Малдиви да се пензионирам. Фотографиите на овој пост се од снимањето на мојот нов проект. Очекувајте нешто убаво наскоро… вака напиша поп пејачката елена Ристеска на нејзиниот Инстаграм профил, а сето тоа го зачини со фотографии на кои изгледа одлично.
Позната е по убавиот стил на облекување, а овојпат освојува со розов краток фустан и светкави хухалопки. Ова е одличен избор за Новогодишните празници, па може да ве инспирира.
Патем, честитки драга Елена за 21 година кариера. Не е малку, а твоите хитови се слушаат и денес.
Ти посакуваме уште многу успеси!