КОВИД-19: Посмртен е од што мислеа и најголемите оптимисти
Новиот коронавирус, Ковид-19 се уште е енигма за здравствените експерти. Во јавноста до сега можеше да се слушнат и да се прочитаат сосема дијаметрално спротивни тези. Некои го нарекоа зимски вирус, зошто не можел да опстојува на повисоки температури. Такви изјави дадоа светски реномираните зравствени научници, како што е д-р. Есперанца Кабрал, како и водечкиот американски епидемиолог Ентони Фаучи. Независно еден од друг, на почетокот на февруари и двајцата ги изнесоа своте ставови дека новиот коронавирус, Ковид-19 припаѓа на семејството зимски вируси и дека на повисока температура едноставно не може да преживее, за набрзо потоа да се појават сосема спротивни ставови дека ниту топлото време нема да го убие смртоносниот вирус, како што е изјавата на еден од напознатите микробиолози во светот Сугионто Сапутра кој вели дека факторите на животната средина може воопшто да не влијаат врз вирусот.
И покрај тоа, што се уште е предмет на истажување, сепак, постојат одредени нешта кои до сега се утврдени за Ковид-19. Епидемиологот, д-р. Владимир Микиќ, вели дека не треба да се крева преголема паника, но во ниту еден случај не смее да се релатвизира ситуацијата, односно да се потцени вирусот.
-Ковид-19 е многу посериозен од сезонскиот грип. Факт е дека 80 проценти од заболените ќе имаат полсена клиничка слика и ќе може да се лекуваат во домашни услови. 20 проценти од заболените ќе мора да бидат хоспитализирани, додека 5 проценти ќе имаат тешка клиничка слика и ќе мора да бидат ставени на респираторни апарати. Смртната стапка се движи некаде од под 1 процент, до 5-6 отсто од заболените. Но, од држава до држава и ова е рзлично, на пример во моментов Италија се соочува со доста висока стапка на смртост, а и за тоа придонесуваат многу фактори, пред се демографската структура. Италија важи за држава со доста старо население. Најважно е да се почитуваат препораките на Светската здравствена организација, вели д-р Микиќ.
Од друга страна, пак, еден од врвните епидемиолози во земјава, Драган Даниловски, пред неколку дена создаде вистинска паника откако во пост на Фејсбук напиша дека коронавирусот може да опстои во воздухот повеќе од три часа.
-Вирусот се одржува во воздухот 3 часа! Значи, се шири и аерогено (низ воздухот)! Досега се сметаше дека тоа е малку веројатно. Ова најново сознание, од една страна, ја објаснува ‘филмската’ брзина со која се рашири низ светот, а од друга страна, значи итно менување на стратегијата за лична заштита! Веќе не знаете кој поминал пред вас по улица. И дали, можеби, нема да поминете низ облак од вируси, кои си лебдат во воздух цели три часа. Особено ако времето не е ветровито, напиша Даниловски на Фејсбук.
Целиот текст прочитајте го на Фактор.мк