КОВИД „ГИ ПОКОСИ“ УЧЕНИЦИТЕ ПО ПРВИТЕ ЧЕТИРИ ДЕНА ОД НАСТАВАТА: Родители од ООУ „Владо Тасевски“денеска ќе поднесуваат барања за онлајн учење
Одложувањето на стартот на второто полугодие не придонесе за спречување на ширењето на корона вирусот во училиштата. Напротив, на почетокот на оваа недела, голем дел од родителите веќе пријавуваат дека нивните деца се позитивни на Ковид-19 или имаат симптоми и чекаат тестирања. Во разговор за Фактор, родители од скопското основно училиште „Владо Тасевски“ во Козле посочуваат дека по само првите четири дена од наставата, во текот на првата недела од второто полугодие, вирусот со невидена брзина се проширил меѓу учениците.
-Практично ги покоси, нагласуваат тие и додаваат дека се посебно загрижени за состојбата сега, кога доминира омикрон варијантата, зошто заразата од еден на друг се пренесува неверојатно брзо. Претходно кога доминираа другите соеви и да имаше некои позитивни родители, или деца кои беа во контакт и покрај тоа што наставата се одвиваше со физичко присуство, немаше толку брза трансмисија, впрочем немаше воопшто. Децата не се разболуваа, макар и другарчето што седи до нив да беше заразено со вирусот, велат родителите од една од одделенските паралелки во ООУ „Владо тасевски“.