КОВИД МОЖЕ ПОВТОРНО ДА БАРА НАЧИНИ ДА ПРЕЖИВЕЕ, НО ЌЕ НЕМА РАЗОРНА СИЛА: Епидемиологот Стојанов за есенските предизвици
По детални проценки на епидемиолошката состојба со корона вирусот во Македонија, здравствените власти секоја недела препорачуваат олабавување на некои од антиковид мерките кои досега беа на сила со цел спречување на понатамошното ширење на Ковид-19. Со големо задоволство граѓаните особено го дочекаа укинувањето на мерката која се однесува на носењето маски во затворени простори, но сепак, не сите веднаш ги оставија маските дома. Тоа е добро, вели во разговор за Фактор епидемиологот д-р Александар Стојанов, пред се поради фактот што во последните години, не само Македонија, напротив и најсилните здравствени системи во светот се соочија со сериозни проблеми.
-По две години светот навистина постигна многу во справување со корона вирусот, но не е крај на пандемијата. Треба внимателно да се однесува секој поединец. Тоа што првично научивме е дека вирусот со кој живееме во последните две години е крајно непредвидлив. Се сметаше за зимски вирус, но се докажа дека трае и опстојува и напаѓа со сета силина и во текот на топлите месеци. Лани во март-април имаше силен бран, преполни болници, па стивна. Потоа почна бројот нагло да се зголемува во август. Повторно се полена болниците. Значи, сега имаме навистина поволна епидемиолошка состојба, но нашата слаба точка е тоа што имаме многу мал опфат на вакцинација. Далеку поголем е бројот на луѓето кои ја прележаа болеста, отколку на оние кои се вакцинираа. Ако имавме и повисок процент на вакцинирани, секако дека големата слика ќе беше далеку подобра. Оттука никако не можеме да бидеме сигурни дека повторно нема да се случи зголемување на бројот на нови инфекции повторно наесен, вели д-р Стојанов.
Детали читајте на Фактор тука.