Крајот на пандемијата ќе биде многу скоро, но вакцини со поминат рок дефинитивно е недозволиво, вели инфектологот Андреј Трампуж
Потекнува од Цеље, Словенија, а сега го нарекуваат „жител на светот“, пред се заради професионалниот ангажман во најпознатите светски клиники. Во последните две години, од почетокот на пандемијата на Ковид-19, изнесувајќи ги неговите ставови базирани на голем број истражувања, проф. д-р Андреј Трампуж специјалист по инфектологија и интерна медицина, кој раководи со Одделот за хируршка ингектологија во една од најпознатите европски клиники, Charite во Берлин, го запознава целата светска и европска јавност. За неговите изјави се борат и голем број медиумски куќи на просторот на поранешна Југославија, а во ова ексклузивно интервју за Фактор, проф. д-р Трампуж, открива дека крајот на пандемијата не очекува многу скоро, уште пред почетокот на летните месеци, а секако голем услов за тоа, како што вели, е 80 проценти вакцинирано население против Ковид-19. Следната вакцина, потенцира проф. Трампуж, против корона вирусот ќе биде поливалентна, а тоа значи дека ќе биде активна против различните варијанти на вирусот, дури и против оние кои се уште се непознати за науката, не само против актуелната варијанта омикрон. Но, она што посебно нагласува е дека дефинитивно е недозволиво да се вакцинира населението со вакцини чиј рок на траење е изминат, иако тие се активни дури и три месеци по обележаниот рок на траење.